За сè има вторпат


Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home/echqdumm/public_html/reper.net.mk/wp-content/themes/simplemag/formats/format-standard.php on line 28
Избор од дваесетина афоризми, земени од мислозбирката во подготовка со наслов „За сè има вторпат“.

g1

Се изморувам од неправење ништо.

Земја на оптимисти

Во оваа земја најголеми оптимисти се самоубијците. Во последно време нивниот број се зголемува. Не знам дали тоа е добро, или лошо.

Мене денот ми почнува рано, многу рано, некаде во ноќта. А ноќта, пак, некаде во средината на денот, после пладнето, но пред ручекот.

Победа

Натпреварот заврши 1:1. Ние победивме.

Јас не сум од вчера. Јас сум од завчера.

Какви времиња дојдоа: да се плашиш од оние што ти мислат добро.

Не очекувај ништо од мене, и јас нема да те разочарам.

Можам да замислам колку ти е здодевно штом во големото друштво започнуваш разговор токму со мене.

Каква ли ќе е таа радост кога им се радуваш на своите грешки?

Секогаш кога треба да патувам некаде далеку јас го добивам најлошото место за седење.

Некои луѓе едвај чекат погреб за да се исплачат за сето она што им натежнало пред еден куп луѓе, и притоа, тоа да не изгледа срамно.

Камери

Сите камери се свртени кон мене, и јас добро го искористувам тоа, кревајќи ги рамениците и правејќи се дека не знам ништо.

Решив да ги земам работите во свои раце. Па така, шишето со вино повеќе не е на земја.

ShockBlast_2002-Love-Bite-charcoalpencil137.4x96.5cms1

Сè започна со грицкањето на ноктите, а заврши со глодање на сопствените коски.

Ништо не е понавредливо од вистината.

Градот гори, а мене кур ме боли.

Велат, така било пишано, а не знаат дека судбината е неписмена.

Никој не те прашува како си победил туку сите те прашуваат дали си победил.

Ништо не ми оди од рака, ама прилично многу нешта ми одат од нога.

Грб

Без разлика каде и да се свртиш, ти секогаш некому ќе вртиш грб.

Од лошо полошо најлошо па уште полошо.

Ласкање

Убавиот збор железни нозе отвора.

Дури откако не сакајќи си го исеков показалецот сфатив колкава улога имал тој прст во мојот живот.

Во каква држава живеам! Еднаш да заврне, од секаде прокиснува.

Гости

Сум забележал дека кога ќе ги расплачеш луѓето тие порано си одат дома.

Илустрации: Лори Липтон

1
Напишано од
More from РЕПЕР
Врисок од внатрешноста
Чекорејќи по вжештената калдрма на Старата скопска чаршија, наидовме на едно дуќанче...
Повеќе
Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *