Продолжен викенд – национален македонски празник

Духовитите Фесјбук статуси на Станишиќ успешно маневрираат меѓу црниот хумор и афоризмот, комбинирајќи ги и притоа не губејќи од својата сила.

5dc50486ed4af6e995df5dd4a768c891

Ако светот е глобално село, што сме тогаш ние кои живееме во него? Глобални сељаци?

Сонце да зајдвит јас да кулирам.

Егологија.

Секс, лаги и анонимни извори.

Скопско проветрување: кога на Партизанска има кореографија од лебдечки кеси, картони и други ѓубриња кои скопјани така „совесно“ ги сокриле по ќошиња и забутани места.

Пишувам со хаштагови на Facebook. #ДалиСумХипстер

Да му цркне модемот на комшијата #СовремениМакедонскиКлетви

ПРОЛЕТеријат

Моментот кога наместо комшијата, татко ти те буди со бормашина.

Btw, гумени бонбони во суштина се зашеќерена пача 😀 # justasaying

Хејт по хејт, држави-че

Има нешто привлечно во Скопје во лето, со неговата метафизичка мрзливост и опуштеност на андриќевска босанска касаба, мутирана во метропола од пола милион жители, и сместена во клима на некоја латиноамериканска банана држава. А да си купам срча пиво од кај Чичко Борис, да си го зеам сомбрерото и да седнам на некоја клупите по Партизанска ? Карванот нека си врви;)

И така, козата на комшијата живееше уште многу, многу години – македонскa хорор приказна

Полу живурка во полу држава, во полу град-полу село, во полу есен-полу зима, некогаш му е полу досадно а некогаш полу интересно, често го нервираат полу возачи ,а почесто полутичари и полуцајци, не знае ниту дали е полу среќен или полу тажен во полу…

Мислам дека ја разбирам невработеноста во Македонија многу подобро сега. Луѓето едноставно не можат да си дозволат да работат овде.

Беозбразен ко пензионер во банка.

Александар Ходоровски повеќе од Александар Македонски #ДалиСумПатриот

Ринге ринге јаја паша.

Дефетизам и ренесанса.

Дали постои спреј против бубачки во глава?

Продолжен викенд – национален македонски празник.

Не, нашите медиуми не шират говор на омраза. Тие шират оговарање на омраза. #ДилетанскоХејтање

 

Саша Станишиќ спаѓа во помладата генерација македонски режисери. Автор е на четири кратки филмови, а годинава треба да го сними и петтиот. Повремено е активен на Фејсбук, каде што успева да ги засмее своите пријатели со духовитите статуси.

Напишано од
More from РЕПЕР
Штипска светска премиера
Кон претставата „Парови“ од Миро Гавран, во режија на Љупчо Ѓоргиевски, а...
Повеќе
Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *