Животот е фатиморгана, кој фати, фати!


Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home/echqdumm/public_html/reper.net.mk/wp-content/themes/simplemag/formats/format-standard.php on line 28
Животот воопшто не е тежок, тој е само еден меур од сапуница која воопшто нема тежина – пуф, го нема.

Костадин Устапетров (1950-2013) е значаен уметник, карикатурист и автор на афоризми, кој долги години твореше и живееше во Струмица.

kostaСо карикатура и со афоризам се занимавал од 1971 година, кога во „Остен“ ги има објавено првите карикатури и афоризми. Објавувал во многу весници и списанија. Изложувал со групата КИКС од 1973 година и со Здружението на карикатуристи на Македонија од 1980 година на сите изложби во земјата и надвор. Во издание на Здружението на карикатуристи на Македонија и на списанието „Остен“, во 1994 година е издадена неговата прва книга карикатури – „Врата кон светот“, а потоа книгата афоризми во 2002 година – „Надвор од рамките“, во издание на авторот.

Застапен е со карикатури во книгата „Тушот не е вода“, во издание на НИП „Студентски збор“ Скопје, 1975 година, како и во антологиското издание „Македонска карикатура“ од Владимир Величковски, 1994 година и во антологијата „Македонски афоризам“, 2008 година, и двете во издание на „Алма Белград“, двојазично.

Неговите дела се наоѓаат во повеќе меѓународни фестивали, музеи и галерии на карикатурата во Македонија, Иран, Италија, Канада, Полска, Словачка, Бугарија, Србија, Турција, Белгија, Холандија, Грција и во други земји.

  • Стабилен брак е оној кој стои на четири, а не на шест нозе.
  • Не ја совлада математиката, но одлично ја научи МИТОматиката.
  • Само човекот освен на топло се расипува и на ладно.
  • Крстозбор: потонат полуостров во Европа – Балкан!
  • Да му доаѓаа толку многу луѓе додека беше жив, ќе беше најсреќниот човек и немаше да умре.
  • Постигнавме висок степен на единство: исто мислиме едни за други.
  • Животот е фатиморгана, кој фати, фати!
  • Жената не се задоволува со паднат – стандард.
  • Држава и четириесет министри. Сезаме, отвори се!
  •  И покрај одлуките и законите одозгора, ние сè уште опстојуваме.
  • Подземјето работи таму каде надземјето спие.
  • Немој ти мене „злато мое“. Јас сум ти син, а не предмет кој ќе го обесиш на вратот или раката.
  • Кога сте стар, сенешто ве боли, а кога сте млад – баш ве боли.
  • Животот воопшто не е тежок, тој е само еден меур од сапуница која воопшто нема тежина – пуф, го нема.
  • Најдолго живеат оние кои се жалат од животот – најдолго.
  • Глупаво е на глупавиот да му кажеш дека е глуп.
  • На правдата ѝ се врзани очите за да не гледа како ѝ ги полнат тасовите.
  • Ако често ги менувате работите и законите, ништо не фаќа корен. Без корен, иднината се суши.
  • Во белиот свет најде работа – ноќна смена.
  • Чекајќи ги своите пет минути, му отиде и последниот воз.
  • Во капитализмот сè е од интерес, само љубовта не е – таа е за евра.
  • Ќе се иселат сите и без визи, ќе останат само политичарите да донесуваат закони и рамковни договори.
  • Според постапките, повеќе ќе ви одговара да барате животински отколку човечки права.
  • Не местат натпревари, само однапред ги знаат резултатите.
  • Кога почнаа да стават деца за раководители, се очекува Нинџа желките, Бетмен и Супермен да ги средат работите.
  • Подобрата иднина ќе дојде – утре сабајле.
  • Ако со лицето гледате во минатото, со газот ќе гледате кон иднината.
  • Мажот работи на ракија и жени, а жената на денари и козметика. Затоа не се сложуваат.
  • Кој последен се смеел – не е веќе меѓу нас.
  • Маж што знае што сака и жена што не знае што сака, секогаш завршува со развод.
  • За НАТО и ЕУ сме маало, затоа си играт со нас.
  • Анемичните не можат никогаш да ни ја подобрат крвната слика.
  • Не верувам дека ќе употребат сила, кај нас сите силни се во гробишта.

Подготвил: Митко Гогов

1
Напишано од
More from РЕПЕР
Знаев дека ќе ми се бендиса, не знаев колку
За „Светот е жеден за збор“ од Тони Попов
Повеќе
Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *