Луѓето наши паметни и вицкасти

Избор од афоризми и хумористични изреки, поговорки или мисли од познати и не толку познати македонски културни, уметнички, општествени, политички и секакви други дејци.

new-york-times-3

Ако го свиткате грбот, ќе ви се качат на главата.

За да ги остварите своите соништа, би требало да се разбудите.

Димитар Алачки (1946), лекар, хуморист

Знаеш ли зошто човекот има две очи? Да види со едното, да замижи со другото! Зошто има две уши? Да слушне со едното, да го пропушти низ другото!

Александар Алексиев (1929-2006), писател, критичар, книжевен теоретичар, театролог

Денот има 26 часа, ако станеш два часа порано.

Венко Андоновски (1964), универзитетски професор, писател, поет, есеист, критичар, книжевен теоретичар, колумнист

Граѓаните стануваат како занесени романтични девојки што сонуваат да се омажат за принц на бел коњ, за потоа да сфатат дека се омажиле за обичен коњ.

Нашиот брод, конечно, плови без компас. Станавме како Кристофер Колумбо: кога тргнал, не знаел каде оди. Кога стигнал, не знаел каде се наоѓа. А кога се вратил – не знаел каде бил.

Мерсел Биљали (1956), универзитетски професор, правник, аналитичар, политичар

Единствено за што ќе жалам кога ќе ме снема е што не ќе можам да прочитам уште една книга.

Зоран Бојаровски (1957), новинар

Само крадецот има право да тврди дека живее од своите десет прсти.

Иван Бојаџиски (1943), новинар

Автобиографијата е последната станица во кариерата на еден автор.

Ристо Вртев (1959), композитор и текстописец

Не им проштевај, Господи, оти тие знаат што прават!

Животот е куклен театар. Сите висиме на конец.

Во циркусот и кловнот е ѕвезда.

Ефтим Гашев ( 1925), публицист, сатиричар, карикатурист

brain-mechanic

Две замолкнати усти повеќе ни рекоа од дваесет и две разлаени…

Понекогаш не ме бидува и за тоа што најдобро го можам.

Кога ќе ми притекне на падот – сами набабруваат лузните.

Петко Дабески (1939), електроинжинер, поет, сатиричар, есеист

Што би се случило кога нашите животи би се одвивале во обратна насока? Тогаш нашите животи би имале среќна иднина.

Братислав Димитров (1952), драматург, колумнист

Да се говори за него, значи да се премолчат многу работи.

За да бидеш прв, треба некој да стои зад тебе!

Ние на тенџерињата им ставаме капак само за да не видат соседите дека се празни!

Миле Ѓорѓијоски (1957), бизнисмен, хуморист

Желба на секој стап е да стане диригентска палка.

Најголемите чекори во животот, кариеристот ги прави на коленици.

Градимир Здравковиќ (1950), лекар, сатиричар

Ако земам, белки ќе се пишманам, ако не земам – бездруго ќе се пишманам. Поарно да земам.

Васил Иљоски (1902-1995), драмски автор, есеист, критичар, книжевен историчар

Јас имам одлична соработка и разбирање со мојот син… За сè го слушам…

Панче Јордановски (1945), правник

Креветот е јазик на кој зборува куќата. За нечујните зборови се надоврзуваат пружините.

Трајче Кацаров (1959), правник, поет, раскажувач, есеист, драмски автор, актер

 

Афоризмите, изреките и поговорките се земени од ПРВАТА антологијата на мудри и смешни мисли „Мисловно досие“. Книгата може да биде Ваша по саемска цена на штандот на „Антолог“ во Метрополис арена од 09-15 април 2013.

Илустрации: Роби Портер

Напишано од
More from РЕПЕР
Емотивна цена на двојниот живот
Предмет на толкување: „Тело“, Ханиф Курејши – постколонијалистички метод
Повеќе
Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *