Расказ
Записи од корона-окупацијата
од Александар ПрокопиевМало ѓезве, таман за едно кафе, имаше обичај да каже дедо ми Санде, кога наутро, од крајот на мај па до почетокот на октомври, со послужавник ќе ги донесеше на терасата филџанот и ѓезвенцето со штотуку зовриеното кафе. Филџанот беше од оние старинските, порцелански со извиена, грацилна дршка и со насликан мотив на рози и ист таков на тацната.