Kнига на месецот
Гранд хотел Европа
од Илја Леонар ФајферИсклучиво европска тенденција е да се сака минатото над сѐ. Во Европа не можете да постоите без минатото. На други места во светот не е така. Нашата доминантна фиксација за минатото не ја препознаваат во Америка, Африка, Азија и Австралија. Кога каубоите и пионерите ја создавале Америка, немале никаква потреба да го поврзат нивниот идентитет со некаква самоизмислена антика и средновековие.
Тишини
од Меша СелимовиќТребаше ова да го проживеам сам, без никого. Тоа беше чувство на стишена запрепастеност, која не е ништо одредено. А баш таа неодредена тежина, на која не можам да ѝ ги фатам корените, ни да ѝ ги согледам длабочината и насоката, темната закана на која разумот не ѝ може ништо, се наднесуваше над мене непознатиот ужас, потежок од секое определено страдање. Потполна, конечна самотија, залудност на сѐ што би можел да направам, неизбежност на нешто што ќе наиде, а не наидува.
Педесет цигари за Елена
од Марина ВујчиќТој петнаесетти мај илјада деветстотини шеесет и петтата година мајка му во околу три наутро ја разбудиле болки во крстовите. Татко му неволно ја одвел во болница. Се надевал дека ќе може да отспие уште неколку часа, па ја прашал како може да биде сигурна дека тоа се породилни трудови кога никогаш претходно не родила. Така барем му кажа мајка му кога прераскажуваше што се случувало во таа ноќ.
Под двете сонца
од Огнен СпахиќСалутираше превртувајќи ги очите. Отпоздрави на ист начин. Јозеф цвилеше со подвиткана опашка, душкајќи ја драмата. Од јужното небо растеа кумулонимбуси, а Бранимир Бато Лончар трчаше низ скалите што се губеа во лаворот и драките, објаснувајќи си себеси дека Холанѓаните, Белгијците, Французите, исто така, се луѓе.
Но и јас
од Делфин де ВиганЧесто одам на станицата Остерлиц во понеделник или во петок, кога часовите завршуваат порано. Одам за да ги гледам возовите што минуваат оттука, поради чувствата, тоа е трик што многу ми се допаѓа, да ги гледам чувствата на луѓето, поради истата причина никогаш не ги пропуштам ни преносите од фудбалските натпревари на телевизија, обожавам кога ќе се прегрнат откако некој ќе даде гол, трчаат со рацете високо кренати и потоа се опфаќаат еден со друг околу рамената, а исто така и Кој сака да биде милионер?, треба да ги видите девојките кога ќе дадат точен одговор, си ги ставаат дланките над устата, ја зафрлаат главата наназад, пискаат, а очите им се полнат со крупни солзи.
Вознемирени луѓе
од Фредрик БакманЕдно утро, на пример, еден триесет и деветгодишник излегол од дома со пиштол во раката, а тоа, согледано вака отпосле, беше навистина потполно идиотски. Оти ова е, значи, приказна за заложничка драма, но смислата не беше во тоа. Или, што ќе рече, смислата беше тоа да биде приказна, но не беше со намера тоа да биде заложничка драма. Смислата беше тоа да биде грабеж на банка. Но се случи сето тоа да отиде поѓаволите, оти понекогаш така испаѓа со грабежите на банки.
Гитара од палисандер
од Кристина ГавранМајката на Аша ги беше истражувала новите шуми, беше собирала бобинки од грмушките, со голи раце ја беше копала земјата во потрага по корења, беше извлекувала масло од цветовите, ги беше сончала семките на сонцето и ја беше стружела кората од дрвјата. Девојчето ја следеше во чекор и го впиваше знаењето што мајката го споделуваше со неа.