Број 129-130

Часовничарот

од

Луѓето умираат во бранови, на почетокот на годишните времиња, во пролет е најлошо, тогаш умираат најмногу луѓе… всушност е страшно да се умре во пролет, тоа е најлошото годишно време за умирање, од март до јуни, кога сè околу нас се раѓа, пролетниот смртен бран е најлош, вели Бранислав.

Кон „Часовничарот“ од Михаела Гашпар

од

Часовничарството е прецизен занает. Занает на ситни федери и запченици, шрафчиња што се држат на јазик или се пренесуваат на врв на прстите. Ситен, мал како механизмот на часовниците што ги поправа, е и животот на часовничарот.

Кон „Spectator“ од Жарко Кујунџиски

од

Кујунџиски успева да напише дело што гo предвестува верижниот пренос на спроводливост, нешто досега невидено и физички недокажано, барем на македонската литературна сцена. Верижниот пренос е сличен на далeковод и електричен столб, ја трансформира енергијата и ја разложува, насочувајќи ја исправно до клучното место.

Кон „Пасија по Г.Х.“ од Кларис Лиспектор

од

Очуден запис за слободата, вечниот дуалалитет на катранот наспрема светлината, телесноста и концептот на чистота низ призмата на женската искуствена реалност осудена засекогаш да ги носи белегот и меморијата на фантазмата.

Кон „Конци на судбината“ од Марија Дуењас

од

Инспиративен роман на една навидум обична, бедна жена по име Сира, која, користејќи го своето знаење и љубов кон шиењето, многу храбро се трансформира прво во угледна и престижна шивачка, а потоа во таен агент на сојузниците за време на Втората светска војна.

Кон „Расипаниот часовник“ од Ѓорѓи Крстевски

од

Во време кога сите брзаат некаде, кога ретко наоѓаат време за себе, а уште помалку наоѓаат време да прочитаат некоја книга, кратките раскази стануваат литература која ги задоволува вкусовите на љубителите на пишаниот збор. Краткиот расказ раскажува само една поединечна работа врзана за една личност.

Но и јас

од

Често одам на станицата Остерлиц во понеделник или во петок, кога часовите завршуваат порано. Одам за да ги гледам возовите што минуваат оттука, поради чувствата, тоа е трик што многу ми се допаѓа, да ги гледам чувствата на луѓето, поради истата причина никогаш не ги пропуштам ни преносите од фудбалските натпревари на телевизија, обожавам кога ќе се прегрнат откако некој ќе даде гол, трчаат со рацете високо кренати и потоа се опфаќаат еден со друг околу рамената, а исто така и Кој сака да биде милионер?, треба да ги видите девојките кога ќе дадат точен одговор, си ги ставаат дланките над устата, ја зафрлаат главата наназад, пискаат, а очите им се полнат со крупни солзи.

Приказната за Поликсена – приказна за секое дете кое сака да биде добро, ама не знае како

од

Имено како и во самиот Пинокио (куклата со сите човечки мани), па и кај непослушниот син Силјан, така и во Поликсена откриваме особини својствени за секое дете кое сака да биде добро, ама не знае како, кое како кревко и недоследно суштество дозволува да го привлечат забранетите нешта, кое се лути кога е скарано и се радува кога е пофалено, кое е љубопитно но и тврдоглаво во некои свои замисли и намери.

Тркалезни форми

од

Доста познато е делото „Витрувијанскиот човек“ на Да Винчи каде што тој го става човековото тело во рамката на кругот и квадратот. Петре М. Андреевски, пак, во песната „Тркалезни форми“ го прави истото слевање на универзумот во една единствена форма, а тоа е тркалото, тркалезниот облик.