Мисли без протокол

Избор од дваесетина афоризми, земени од книгата „Мисли без протокол“ која излезе од печат во 2008 година на македонскиот хуморист и сатиричар Иван Карадак.

People don't know their true power

Кај нас веќе и свирењето на цревата почна да се промовира како – народна музика!

Црна берза, црна економија, црна хроника, црна листа – црно ни било пишано!

Најголем проблем на Македонија е што многу политичари се занимаваат со криминал и многу криминалци се занимаваат со политика!

На Македонецот веќе не му е загрозена само иднината туку и – минатото!

Се боревме за светла иднина, а потоа дојдоа нашите и ни ја исклучија – струјата!

Што ќе ни е агенција за разузнавање кога секој втор Македонец е – кодош?!

Едни лаат затоа што живеат кучешки, а други живеат кучешки затоа што лаат!

Политичкиот јазик во Македонија стана совршен. Можеш цел живот да зборуваш, а да не кажеш ништо.

Сè си поделија братски: функциите, парите, па дури и – народот!

Ние мислевме дека нè водат за да живееме, а тие мислеа дека живееме за да нè водат.

Ништо не се штетите од полските глувци наспроти оние што ни ги направија – канцелариските.

Доста ни ветувате задгоребн живот! Сакаме да видиме како изгледа – предгробниот.

Од многу иднина не можеме да видиме што ни се пишува.

Ни понудија да влеземе во историјата, ама под услов да нè избришат од географијата.

Најглуп начин да умреш за татковината е да умреш од – глад.

Драматурзи, сменете го репертоарот. Доста ни е од – трагедии.

Ако е точно она: колку пари, толку музика, тогаш мора одамна да сме си ја отпеале песната.

Два и два секогаш се – четири. Освен ако поинаку не се договорат коалиционите партнери!

Македонскиот политичар и кога ќе направи дете свикува прес конференција.

Сите политичари излегуваат од народот, ама никако да му се вратат.

Тагови од објавата
, , ,
Напишано од
More from РЕПЕР
Не сте вие параноични, ние стварно ве следиме
(За „Очи со боја на чевли“ од Петар Андоновски)
Повеќе
Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *