ЕПИСТОЛАРНА РОМАНСА: Вирџинија Вулф и Вита Секвил Вест

Строга социјална пристојност, религиозен морализам или репресивни љубовни закони? Страсна приказна или пријателство?
  • Строга социјална пристојност, религиозен морализам или репресивни љубовни закони?

    Страсна приказна или пријателство?

  • Приказната за Вирџинија Вулф и нејзината (пријателка) Вита Секвил Вест не поминува незабележливо. За разлика од скандалозните импресии на јавноста за ова пријателство, ниту сопругот на Вулф, ниту Секвил Вест не гледале нешто трагично во таа релација. Либералниот Леонард Вулф, бил прилично свесен за бисексуално отворениот брак на Вита и нејзиниот аристократски сопруг Харолд Николсон. Боемскиот уметнички круг во кој влегуваат Вирџинија и Леонард е многу интригантна средина. Но тие бргу сфаќаат дека овој уметнички слој воопшто не се вознемирува од „општествени скандали“, жестоки афери, пример љубовна релација меѓу две мажени жени.
    За фактот дека нивната страст никогаш не била забранета, зборуваат сите документирани љубовни писма што си ги пишувале. Во периодот од средината на 1920тите години, кога нивната љубовна афера започната, па се до 1929 година кога завршуваат љубовните термини.
    Јас сум сведена на нешто што го Вирџинија го сака“ пишува Вита во 1926 година… „Вие ја срушивнте мојата одбрана. И јас навистина не го навредувам… Ве молам, простете ми што ви пишувам такво мизерно писмо.“ Краткото агонизирано писмо ги доловува прекрасните болки на романтичниот занес. Вулф, во својот одговор е кратка, со поголема резерва, а сепак игрива: „Секогаш, секогаш, секогаш се обидувам да кажам што чувствувам“, пишува таа, „Ми недостасуваш. Навистина ми недостасуваш. Ќе ти недостигам. И ако не ми верувате, вие сте осакатен був и задник…
    Во својот дневник, Вирџинија ја опишува Вита на нивниот прв состанок во 1923 година како „деклариран сапфист… Сноб, каков што сум јас, трагам по нејзините страсти – 500 години назад, и тие стануваат романтични за мене, како старо жолто вино.“ Постара речиси десет години од Вита, Вирџинија секогаш инфериорна во однос на нејзината сакана:
    Вита блескаше во продавницата во Севеноакс…розево блескав, групирано грозје, обесен бисер… Нејзината зрелост и целосните гради: таа целосно плови на висока плима, додека јас се движам по крајбрежјето на речните води; нејзината способност да го завзема своето во сечие присуство, да ја претставува нејзината земја, да го посети Чатсворт, да контролира сребро, слуги, кучиња, нејзиното мајчинство… таа на кратко е (нешто што јас никогаш нема да бидам) вистинска жена.
    Двете имале и други љубови, и Вулф како „постарата во врската“, почнала да се чувствува „несакано и непристојно“. После прекинот на нивната љубовна афера, тие го задржуваат нивното пријателство. Синот на Вита, романот на Вирџинија Вулф „Орландо“ го нарекува „најдолгото и најомиленото љубовно писмо во литературата.
    Што би можело да го замени едно од последните писма на Вулф до нејзината сакана Вита, напишано во 1940 година, додека Велика Британија преживува грозоморни германски воздушни бомбардирања: „Таму седите со бомби што паѓаат околу тебе. Што би можела да кажам – освен дека те сакам и морам да живеам низ оваа чудна и тивка ноќ размислувајќи за вас како седите таму сама… Најмила моја… Вие ми подаривте таква среќа…

    Тагови од објавата
    Напишано од
    More from РЕПЕР
    Хиперреализам
    Што се случува кога ќе се вкрстат уметноста и реалноста
    Повеќе
    0 replies on “ЕПИСТОЛАРНА РОМАНСА: Вирџинија Вулф и Вита Секвил Вест”