Секоја награда е признание за добитникот а сите добитници се биографија на наградата.
Какви се добитниците, таква е наградата!
Постојат награди што не ги заслужуваат добитниците.
Постојат добитници што не ја заслужуваат наградата.
Но постојат и награди и добитници што целосно и поеднакво се заслужуваат меѓусебе.
Останува да се надевам дека јас и наградата што вечерва ја добивам сме во третата група!
Наградата во себе содржи признание но и обврска.
Колку што списокот на добитници е поугледен, толку и наградата станува поголема и уште попрестижна.
Нашата награда, оваа награда, во себе веќе го содржи угледот на Водолазкин, Дракулиќ, Николо Аминати, Светлана Алексиевич, Стефансон, Наџат ел Хачми, Олсон, Ајкол…
Затоа чест е како македонски автор да се застане пред овој Пантеон на европската книжевност и да се прими ова угледно и значајно признание!
Му благодарам на Жарко и на „Антолог“ за идејата да се востанови ваква награда.
Му благодарам на Одборот за одлуката и за довербата токму јас годинава да бидам допишан во списокот на избраните!
Нека е вечен фестивалот на европската литература, нека ни е среќен „празникот на книгата“, и нека е вековита наградата!
Скопје, 29.09.2025
