Ефемерните скулптури со сенка на Мото Ваганари

Интригантни скулптури изработени од жица...

Овие интригантни скулптури изработени од жица испреплетена сложено се обидуваат да рефлектираат со своите сенки едни сосема нови форми во галеријата во која се изложени.

Искривените драматични сенки што се појавуваат на ѕидот доловуваат еден момент што не го откриваат овие скулптури доколку се гледаат на обична светлина. Овој комплексен проект ја истражува дефиницијата на реалноста.

s2„Реална виртуелност“ е насловот на овој концептуален пристап на изработката на скулптури од жица, изработени од страна на германскиот уметник Мото Ваганари (Moto Waganari). Со оваа инсталација во просторот, уметникот се обидува да ги разигра мислите на гледачите, а воедно и да ги разбие просторот и гравитацијата, зашто овие тридимензионални човечки форми отвораат малку поразличен пристап на восприемање на скулптурата воопшто. Комплексно изработени од жица, некои покажуваат одредени фрагменти, други одредени целини, но сите ја покажуваат акробатиката на човечкото тело заледена во времето и во просторот.

Некои од човечките фигури се поставени во стоечка позиција, додека други се седнати, но со поставената светлина што преминува преку нив тенките жици фрлаат сенки на повеќе страни, па така се добива една театрална, драматична атмосфера, во која вообичаените ликови добиваат подлабока димензија и смисла. Сликите по ѕидовите би можеле да се опишат како дводимензионални алтер-ега на оригиналните скулптури, тие изразуваат еден нов свет, паралелен на вистинскиот, надреален, исполнет со енигма и со изненадување.

Реалните форми добиваат длабочина, ширина, висина. Оваа реалност што ја претставуваат скулптурите истовремено го заведува набљудувачот во онаа другата – виртуелната. Со оваа изложба, и самиот простор во галеријата е дел од материјата, од самото дело, тој ги надополнува суштината и концептот на овој проект. Секогаш кога овие фигури се гледаат од различен агол, тие формираат различна приказна и одраз, уникатноста и автентичноста на ова уметничко дело фрагментира една друга „реална виртуелност“, впрочем тоа е и насловот на оваа тема.

Овој проект ја истражува идејата за перцепцијата и ги поттикнува следбениците на современата уметност да размислуваат малку поинаку, односно да се обидат да го видат светот со отворен ум. Да се обидат да преминат преку стандардната форма, преку физичката материја, преку она што е опипливо, и да ги ослободат силата и моќта на она што им е познато досега.

[vsw id=”WHQz1AgQ1F0″ source=”youtube” width=”600″ height=”400″ autoplay=”no”]

s3Да се допре недопреното – овие скулптури, кои се исплетени така што речиси наликуваат на филиграни (ако и не се тоа), сакаат да ви направат едно патување од виртуелноста до реалноста или обратно. Со помош на новите медиуми, Мото Ваганари прави спој меѓу ефемерните „споменици“ и скулптурите од сенка. Отвора простор за аналитична геометрија, за оптичка илузија и за креирање виртуелни царства. Неговото дело има аура што евоцира живи гестови и одредена форма на халуцинација. Го киднапираа ли вашиот мозок?

[nggallery id=19]

Тагови од објавата
,
Напишано од
More from РЕПЕР
Рибја чорба
За сите љубители на ова вкусно јадење - рецепт за подготовка на...
Повеќе
Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *