Расказ
Црвено и зелено
од Александар СтаматовСе чекавме пред излезот од метро станицата. Кога дојдоа сите, тргнавме долж главната улица и после стотина метри свртевме во мала уличка. Потоа свртевме во друга уличка и веднаш се виде натписот ”Пицата на Сем”. Под него имаше влезна врата, до неа имаше голем цилиндричен пепелник, а до него стоеше Сем и пушеше.
Крвав наслов / Сакам тостер / Орхидеја во карантин
од Владимир Лукаш„Здраво“, ми вели пивото, „Ќе ме испиеш?“ „Да.“ „Но јас сакам да си играме“, ми вели. „Сеедно“, му одговарам и го испивам на екс. Вадам ново пиво. Истата приказна. Доаѓа точката и ме прашува дали може и таа да добие едно. Секако. Доаѓа завесата: истото прашање. Да. Доаѓа листот хартија: сака ракија. Нема проблем.
ЦРТИЧКИ
од Александар Прокопиев„Дали видовте некој да беше со нас, тука во купето“, го прашав својот сопатник. „Не“, рече спикерот со пена на лицето. „Иако… иако… како во полусон ми се причини дека наслушнав како некој дебел, навистина дебел човек ’рчи. А тоа, без навреда, не можеше да бидеш ти“, ме погледна малку од високо и се насмевна.