Човек треба да е многу внимателен кога измислува сказни. Децата ги знаат сите. А би сакале да слушнат уште. Други. Нови. Но, тие мора да бидат како старите, познатите. И не смеат да бидат исти.
Јиже е седумгодишно момче со многу светла коса и со неподносливо сини очи. Секој ден застанува пред прозорецот од својот апартман и, џвакајќи овесни снегулки, го гледа будењето на главната улица.
Соња ја сакам уште од мал. Таа беше првата што ми подаде рака кога одевме на училиште. Секогаш ме гушкаше по натпреварите и ми даваше од нејзините слатки.