Размисли и совети за чинот на пишување од Ернест Хемингвеј

Кога пишував, ми беше неопходно да прочитам што сум напишал. Ако продолжите да размислувате за тоа, ќе го изгубите она што сте го напишале претходно уште пред да продолжите следниот ден. Потребно е да вежбате, да бидете уморни во телото и да водите љубов со оној што го љубите.

Ернест Хемингвеј бил занаетчија, кој секое утро станувал многу рано и пишувал. Неговите најдобри приказни се ремек-дела на модерната ера, а неговиот прозен стил е еден од највлијателните на дваесетитот век.
Хемингвеј никогаш не напишал теза за уметноста на пишувањето фикција. Меѓутоа како и да е, зад себе оставил голем број пасуси со писма, статии и книги со размисли и совети за чинот на пишување. Некои од најдобрите се собрани во 1984 од Лари Ф. Филипс во книгата „Ернест Хемингвеј за пишувањето“.
Еве неколку извадоци од книгата со кои се надеваме дека на сите писатели и читатели ќе им бидат корисни.

1. За почеток, напишете една вистинита реченица.

Хемингвеј имал едноставен трик за надминување на познатата творешка блокада. Во незаборавниот пасус од „A Moveable Feast“ тој пишува:

„Понекогаш кога почнував нова приказна и не можев да ја раздвижам, седев покрај огнот и ја стискав кората на малите портокали кон пламенот од огнот, го набљудував синиот блесок што се создаваше од нив. Стоев и гледав кон покривите на Париз и си мислев: „Не грижи се. Ти отсекогаш си пишувал, ќе пишуваш и сега. Сѐ што треба да направиш е да напишеш една вистинита реченица. Напиши ја највистинитата реченица што ја знаеш“. Така, конечно, ќе напишев една вистинита реченица, и потоа продолжував од таму. Тоа беше лесно затоа што секогаш постоеше една вистинита реченица што ја знаев или сум ја видел или сум ја слушнал од некого. Ако почнам да пишувам подетално, или како што некои прават вовед или презентираат нешто, јас сфатив дека можам да го скратам тоа или да го отфрлам тој украс и да почнам со една вистинита, едноставна, декларативна реченица.

2. Секогаш запрете го денот додека сè уште знаете што ќе се случи следно.

Постои разлика помеѓу запирање и заостанување. За да се постигне стабилен прогрес, да имате дневен преглед на бројот на напишани зборови било далеку неважно за Хемингвеј, отколку да се осигури дека никогаш не го испразнил бунарот на неговата имагинација. Во една статија, во октомври 1935 година во Esquire под насловот „Monologue to the Maestro: A High Seas Letter”, Хемингвеј му дава совет на еден млад писател:

„Најдобар начин е секогаш да застанете кога ви оди добро и кога знаете што ќе се случи следно. Ако го правите тоа секој ден додека пишувате роман, вие никогаш нема да заглавите. Тоа е највредното нешто што можам да ви го кажам, па обидете се да го запаметите.“

3. Никогаш не размислувајте за приказната кога не работите.

Врз основа на претходниот совет, Хемингвеј вели дека никогаш не треба да размислувате за приказната на која работите, пред да повторно да почнете наредниот ден. „На тој начин вашата потсвест цело време ќе работи на тоа… Но, ако мислите за тоа свесно или се грижите за тоа, вие само ќе ја убиете таа идеја и пред да почнете вашиот мозок веќе ќе биде уморен.“ Продолжува подетелно во „ A Moveable Feast“:
„Кога пишував, ми беше неопходно да прочитам што сум напишал. Ако продолжите да размислувате за тоа, ќе го изгубите она што сте го напишале претходно уште пред да продолжите следниот ден. Потребно е да вежбате, да бидете уморни во телото и да водите љубов со оној што го љубите. Тоа е подобро од било што друго. Но, потоа, кога ќе бидете празни, неопходно е да го прочитате тоа што сте го напишале за да не мислите или да се грижите за вашата работа, додека не седнете да пишувате повторно. Научив како веќе никогаш да не го испразнам бунарот во кој е сместено моето пишување, туку секогаш да знам да застанам кога имам уште нешто во длабокиот дел од бунарот и да го оставам да се надополни во текот на ноќта од изворите што го хранат.“

4. Кога е време повторно да работите, секогаш почнете со читање на она што сте го напишале досега.

За да се одржува континуитетот, Хемингвеј имал навика да го препрочитува она што веќе го напишал пред да продолжи понатаму. Во 1935 напишал:
„Најдобар начин е секој ден да го прочитате она што сте го напишале од почеток, како што се движите низ текстот да си ги корегирате грешките, а потоа да продолжите каде што сте застанале претходниот ден. Кога текстот станува предолг и веќе не можете да го правите тоа секој ден, читајте барем по две или три поглавја секој ден; тогаш секоја седмица прочитајте сè од самиот почеток. Тој е начинот за состанување едно дело.

5. Користете молив

Хемингвеј често употребувал машина за пишување при пишување писма или артикли за списанија, но за посериозни работи тој претпочитал молив. Тој советува:
„Кога ќе почнете да пишувате, можете да користите машина за пишување затоа што е многу полесно и многу повеќе уживате во тоа. Откако ќе научите да го пишувате вашиот предмет на интерес, вие треба да ја пренесете, секоја сензација, видување, чувство, место и емоција до читателот. За да го направите тоа, мора да работите над она што го пишувате. Ако пишувате со молив, добивате три различни гледишта за да видите дали читателот го добива она што го сакате од него. Прво, кога ќе го прочитате; потоа кога ќе го препишете, вие добивате уште една шанса да го подобрите напишаното. Ако пишувате прво со молив ви дава повеќе шанси да го подобрите текстот.“

извор:
http://www.openculture.com

Тагови од објавата
Напишано од
More from РЕПЕР
Од стихозбирката „Астрални проекции“
Ви претставуваме избор од поетската збирка „Астрални проекции“ на Науме Радически.
Повеќе
0 replies on “Размисли и совети за чинот на пишување од Ернест Хемингвеј”