Прозрачна Земјина мрежа

Тој проектот го доживува како поетска изјава за потенцијалната хармонија помеѓу природата и технологијата.

Ова е еден постар проект, создаден уште во далечната 1993 година, но сигурно нема да ве остави рамнодушни. Станува збор за инсталација на отворено (outdoor инсталација), проект што е дело на Стјуарт Вилијамс (Stuart Williams).

b4

Насловот на овој концепт е „Прозрачна Земјина мрежа“ (luminous earth grid), а претставува личен проект на овој американски уметник и дизајнер, кој зазема огромна територија и масивни размери. Претставува пресликување на концептуалниот и на техничкиот пристап во креирањето на современа уметност и на начинот на кој таа би влијаела врз нашиот секојдневен живот. Ова дело е всушност конверзација, разговор помеѓу природата и технологијата, нивно сплотување под отворено небо.

Ова е дело што е предвесник на технологијата што почна да се развива во следните години, ова е гласник на интернетската технологија и на пристапот до една друга дигитална мрежа, која е отсликана во овој проект, случајно или не.

b6

Прецизноста само дефинира градење една мрежа, обединување, а Стјуарт тоа го постигнал дури на десет хектари земја, кои нудат прекрасни пејзажи во текот на целото деноноќие. Оваа инсталација е целосно поставена на почвата, а она што прави да биде уникатна и различна е тоа што од различна перспектива на гледање прави да се случи целосна деконструкција на геометриски точно поставената форма. Направена од продолжени електрични кабли, кои се прикачени на локалните електрични водови, оваа инсталација, кога се гледа од воздушна перспектива, претставува оригинално, мегаломанско, маестрално дело.

Стјуарт Вилијамс поставил 1680 флуоресцентни светилки, кои меѓусебно се поврзани со дванаесет милји електрична жица. Тој проектот го доживува како поетска изјава за потенцијалната хармонија помеѓу природата и технологијата.

За да го постигне ова, т.е. за да го реализира овој концепт, Стјуарт речиси пет години бил посветен на кампања за собирање средства низ цела Северна Калифорнија. Овој проект е прифатен со широко срце од страна на критичарите, а своевремено привлекол и доста внимание од страна на публиката и на посетителите што биле заинтересирани да го погледнат ова дело.

b5

„Блескавата зелена флуоресцентна мрежа може да се доживее и да се види како икона на компјутерската визуелна технологија, која во инкарнацијата на овој ’вистински живот‘ нежно се топи со лебдечката форма на овие прекрасни сцени… како сон, како симбол за симбиотската заедница“.

b1

b2

b3

b7

Напишано од
More from РЕПЕР
Штипски театарски времиња (9 слики)
Мигновна или не, и сегашноста е сурово минлива, но минатото е стравотно...
Повеќе
Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *