Книжевна препорака: „А Бабукар одеше на чело“ од Џовани Доѕини

Оваа дводневна приказна е тивка тензија, без ниту еден позначаен настан, но со дејство што е постојано активно. Фатена и пресликана стварност, банална како испиено шише пиво, како финале на Европско првенство во фудбал. Отсуството на приказна е всушност тоа што ја прави оваа приказна.

Книжевна препорака: А Бабукар одеше на чело од Џовани Доѕини

 

„А Бабукар одеше на чело“ е современа италијанска приказна за четворица млади луѓе од различни африкански земји, кои едно лето се нашле во Перуџа во потрага по поубава илузија.

Ноќ случајно помината во Торџано со две штотуку запознаени жени. Патување со воз до морето рано изутрината. Непријатности, контроли, испрашувања. Каде во возот ќе се скрие слепиот патник? Неизвесност и страв. Страв од казна, дека ќе се биде протеран, страв дека нема да се добие дозвола за престој во државата. Каде ќе се преспие ноќта? Зошто во финалето на Европското првенство во фудбал еден Африканец гласно навива против Франција во кафуле близу Перуџа и зошто е за тоа испрашуван од полицијата? Скриените тензии меѓу пријателите излегуваат на површина при крајот на приказната. Ноќ помината во болница, во исчекување на утрото кога ќе се вратат назад. Но, назад каде? Ќе успеат ли да останат во Италија?

Оваа дводневна приказна е тивка тензија, без ниту еден позначаен настан, но со дејство што е постојано активно. Фатена и пресликана стварност, банална како испиено шише пиво, како финале на Европско првенство во фудбал. Отсуството на приказна е всушност тоа што ја прави оваа приказна. Неподносливата леснотија на чекањето лајк на Фејсбук наспроти исчекувањето на следниот состанок за добивање азил. 

Романот „А Бабукар одеше на чело“ од Џовани Доѕини, италијански добитник на Европската награда за литература за 2019 година, која ја доделува Европската Унија, на прекрасен македонски јазик – со фатени финеси, раскошно и прецизно, и со мукает – ни го пренесува Калина Јанева.

Тагови од објавата
Напишано од
More from Ѓоко Здравески
дете заиграно на детско игралиште со кришка леб во раката
РЕЦЕНЗИЈА НА РАКОПИСОТ „НАПИШАН ДОМ“ ОД АНА ГОЛЕЈШКА
Повеќе
0 replies on “Книжевна препорака: „А Бабукар одеше на чело“ од Џовани Доѕини”