7 дена во Хавана


Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home/echqdumm/public_html/reper.net.mk/wp-content/themes/simplemag/formats/format-standard.php on line 28
7 Days In Havana можеби најмногу ќе им се допадне на оние луѓе кои сакаат да ги видат убавините на главниот град на Куба, се разбира, видени преку авторско око.

7days_in_havana

7 Days In Havana е омнибус од 7 кратки филмови кои го интерпретираат секојдневието во Хавана, така што секој филм се одвива во различен дел од неделата. Интересна занимливост во врска со филмот е тоа што од сите овие режисери само еден потекнува и твори во Куба, додека останатите се од различни краеви на светот. Исто така многу специфично за филмот е тоа што кога ќе се прочитаат имињата на режисерите, дознаваме за авторското режисерско деби на Бенисио Дел Торо (Benicio Del Toro) и учеството на Гаспар Ное (Gaspar Noe) во проектот.

„Понеделникот” е отстапен за Дел Торо, и е можеби најсвежото изненадување во проектот. Приказната се одвива околу Теди Аткинс (Џош Хачерсон), кој е дојден од Америка за да се забавува и има намера вечерта да ја помине со некоја згодна Кубанка. Вториот филм ни раскажува приказна за еден мамурен ден на Емир Кустурица, кој е дојден во Хавана да присуствува на филмски фестивал. Третиот филм, кој е раскажан со „посериозен тон ” во однос на од претходните два, е единствената љубовна приказна во омнибусот. „Четвртокот” (Diary Of A Beginner) e совршено наративно доживување, раскажано без говор во филмот, и одлична подготовка за следниот филм. Ritual од Гаспар Ное е пред сè визуелно впечатливо дело, во кое играта со светла и репетитивните звуци многу придонесуваат за постигнувањето на ефектот на напнатост. Dulce Almagro e шестиот филм, и претставува фуриозна приказна со многу ликови – некои од нив се појавуваат во претходните филмови – која добро ни го доловува темпераментот на кубанскиот народ. Последниот филм ни раскажува приказна за религиозниот фанатизам на една постара жена која ја сонувала Богородица и мора да го реализира тоа што ѝ го посочила истата.

7 Days In Havana можеби најмногу ќе им се допадне на оние луѓе кои сакаат да ги видат убавините на главниот град на Куба, се разбира, видени преку авторско око. Заедничко за сите филмови е што на нив има работено еден директор на фотографија, а тоа придонесува за поголема хомогеност на проектот.

Преземено од filmskasekcija.blogspot.com

1
Напишано од
More from РЕПЕР
Ги молам одговорните од МВР да дојдат кај мене во подрум и да пробаат да пронајдат ајвар
Некои луѓе џабе гледале „Бушава азбука“ кога сè уште пишуваат на латиница.
Повеќе
Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *