Македонците треба да бидат посигурни во себе


Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home/echqdumm/public_html/reper.net.mk/wp-content/themes/simplemag/formats/format-standard.php on line 28
Македонците се гостољубив народ, секој што доаѓа тука ги чувствува топлината со која го опколуваат луѓето и штедрата природа.

olga-pankina

ДОМА

Зошто во Македонија сум како дома исто како таму од каде што доаѓам?

Во Македонија сум како дома поради многу сличности карактеристични за нашите два народа, мислиме и чувствуваме на ист начин. Македонците се гостољубив народ, секој што доаѓа тука ги чувствува топлината со која го опколуваат луѓето и штедрата природа.

МЕСТО

Кое место е најубаво?

За мене, тоа е манастирот „Свети Наум“. Иако во Македонија има многу прекрасни, убави места.

ХРАНА
Од храна секогаш нарачувам…?

Охридска пастрмка и македонски специјалитети како ајвар, пинџур, убаво сирење. Ги сакам македонските вина, кои се многу квалитетни.

УМЕТНОСТ

Уметничко дело што ќе го памтам барем едно дваесет години?

Романот Пиреј од Петре М. Андреевски, влијае неверојатно силно.

Olga_Pankina

АВАНТУРА
Највозбудливата случка во Македонија

Еднаш, приквечер, тргнавме со кајче за Голем Град на Преспанското Езеро. Прва неочекувана работа – на езерото се појавија прилично големи бранови… Кога пристигнавме на островот, се најдовме во атмосфера од филмовите на Хичкок: нагло се стемни, околу нас почнаа да кружат многубројни птици, големи и мали, в трева забележавме змии… Се слушаа гласните крикови на птиците, ни се чинеа застрашувачки, ни шушкаше под нозе. Едноставно – се уплашивме…

ТАЈФА
Се дружам со…?

Имам многу пријатели во Македонија. Со некои се дружам од 1978 година, кога за првпат дојдов во Охрид на Семинарот за македонски јазик. Многу нови пријатели стекнав и за време на своето шестмесечно стажирање во МАНУ во 1980 година. Бројот на луѓето со кои се дружам се зголемува. Но секако меѓу нив најмногу ги ценам тие стари, проверени другари и другарки.

ПРЕЧКИ
Што би сменила во Македонија?

Начинот на однесување кон себе. Македонците треба да бидат посигурни во себе, да ги гледаат работите пооптимистично и повеќе да веруваат во своите сили.

ОРИГИНАЛНОСТ
Што е тоа што само тука го има и никаде на друго место?

Атмосфера на мирен, можеби дури и забавен, тек на живеење. Уживам во таа атмосфера, во македонските народни песни и ора, како и во природните убавини на Македонија.

02

Македонија како инспирација

ОХРИД

Еден мој пријател во Москва ме праша зошто сум толку одушевена од Охрид, зошто толку го сакам. Што има во него посебно? Со што се разликува од другите градови?
На прашањето не можев да одговорам едноставно.

Пријател еден ме замоли: “Ајде,
Кажи што во него посебно најде?
Издвои што има таму особено,
Ти си од гратчето божем заробена”.

Што да се одбере? – Сонце и вода,
Или Прличева позната ода?
Канео, калдрма или мозаици,
Охридски моми во шарени маици?

Цркви, на стара книжевност оази,
Утрински извици: “Тазе леб, тазе…”?
Извори, шуми, Галичица бела,
Крај брегот ѓердан од рибарски села?

Ништо не може да биде издвоено,
Сè нераскинливо овде е споено.

 Олга Панкинка е позната македонистка и преведувачка од Москва, и популаризатор на македонската култура во Русија

Сликите со кои е илустриран овој прилог се нејзини

Тагови од објавата
, ,
1
Напишано од
More from РЕПЕР
Напрајв романтична вечера за двајца. Да не морам да готвам и утре.
Избор од дваесетина брилијантни, хумористични статуси од Фејсбук профилот на М-р Моџо...
Повеќе
Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *