Гробиштата во Македонија претставуваат уметничко дело


Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home/echqdumm/public_html/reper.net.mk/wp-content/themes/simplemag/formats/format-standard.php on line 28
Зошто во Македонија сум како дома исто како таму од каде што доаѓам?

keri

Зошто во Македонија сум како дома исто како таму од каде што доаѓам?

Се зближив со многу луѓе таму и се чувствувам како дел од големо семејство. Нема ден кога не мислам на Македонија и се радувам кога можам да зборувам за моето искуство.

Кое место е најубаво?

Селото Ракотинци, каде што живеев две и кусур години. Таму е мирно, има чист воздух и убав поглед. Плус, луѓето таму се прекрасни и поради нив има некоја топлина што ја нема на други места.

Од храна секогаш нарачувам…?

Рибарска салата од „Куќа“ со лепче за макање и жолта ракија или симитка од „Фурна“ – бабите што работат таму ти враќаат кусур и со истата рака ти го ставаат тестото внатре во лепчето. И тоа е највкусната симитка што сум ја јадела!

Уметничко дело што ќе го паметам барем едно дваесет години…?

За мене гробиштата во Македонија претставуваат уметничко дело. Ги сакам бидејќи имам чувство како мртвите да се уште живи. Сликите на надгробните камења и другите работи што се ставени на гробовите како да пишуваат приказни за мртвите. Живите имаат посебен однос кон мртвите, се грижат за нив, често ги посетуваат и им носат јадење и пиење. Според мене, тоа е совршено и би сакала односот кон мрвите да е ист и во Америка. Затоа, гробиштата во Македонија за мене се уметничко дело што ќе го паметам засекогаш.

Највозбудливата случка во Македонија…

Кога дојдов во Македонија, живеев со македонско семејство во Пробиштип. Кога првпат правевме ајвар, седев надвор на бетон и наеднаш бабата од семејството почна да ми вика: „Кери, стани. Не се седи така на бетон“. Тогаш не го знаев добро јазикот и не знаев што се случило. По неколку минути недоразбирање, бабата ме подигна и стави перниче под мене, па ми дозволи да седнам. 🙂

Се дружам со…?

Со тетките и со чичковците во селото. Многу ми беше мерак да берам грозје, да правам зимница или само да пијам кафе и да муабетам со нив.

Што би сменила во Македонија?

Ми пречи тоа што луѓето не чекаат во редица, туку се буткаат и треба да се бориш за да стигнеш на ред.

Што е тоа што го има само тука и никаде на друго место?

Време… има време.

Кери Стидам e поранешна волонтерка на Американскиот мировен корпус во Македонија

1
Напишано од
More from РЕПЕР
Туѓи имиња – на кирилица или во оригинал?
Постојат мал број примери каде што е подобро да се задржи оригиналното...
Повеќе
Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *