Три женски поетски посвети


Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home/echqdumm/public_html/reper.net.mk/wp-content/themes/simplemag/formats/format-standard.php on line 28
Димана Иванова е родена во 1979 година во Варна, Република Бугарија.

Димана Иванова е родена во 1979 година во Варна, Република Бугарија. Дипломирала и магистрирала словенска филологија со француска филологија на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Софија. Во 2011 година го одбрани својот докторат по компаративна книжевност на Карловиот универзитет во Прага, Република Чешка. Авторка е на стихозбирката „Покана за таткото“ (2012, Ерго – Софија). Нејзините песни досега се преведени на англиски и на чешки јазик. Учесничка е на бројни научни и преведувачки собири низ Европа. Двапати е добитничка на наградата „Григор Ленков“, која ја доделува Чешкиот културен центар во Софија. Од 2008 година работи како критичарка во чешкото електронско списание www.iliteratura.cz. Превела неколку значајни автори од чешки и од словачки на бугарски јазик. Целото нејзино творештво е достапно на интернетската страница: www.dimanaivanova.com.

dimana5

ГЛУВАРЧИЊА

На Катка Седлакова

Како две глуварчиња
жолти
израснавме од земјата
на словенството
ветерот ги одвеа нашите коси
и семчињата на спознанието
ги изгореа главичките
во плодотворната почва
на Магна Славија.

КРИСТАЛ

На Љубица Сомолајова

Се огледав во водите на твоите очи
како во огледало од кристал
толку се спокојни и тивки
ме покрија со превезот на спознанието
стаклен саркофаг
во кој ќе ги ставам јагленчињата
на својата прегорена душа.

ТВОЈАТА СОБА

На Тереза Риедлбаухова

Твојата соба е толку голема
што се загубивме
во лавиринтот на нејзините книги.
Пијаното потонало во тишина
за да ги слушнеме ѕвоната
на Лоретанските камбани.
Твојата соба е голем прозорец,
отворен кон светот,
а ние двете стоиме,
фатени за раце
и чекаме
да заврши молитвата
и музиката,
за да летнеме преку стаклото
како сини птици.

Препев од бугарски јазик: Звонко Танески

0
Напишано од
More from РЕПЕР
Градскиот ѕид
Градскиот Ѕид е единствената целосно изведена структура од планот на Танге која...
Повеќе
Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *