Во мислите дом

Декември е месец на Блаже Конески, роден е на 19 декември 1921, а починува на 7 декември 1993. По тој повод ја објавуваме песната Во мислите дом од Анте Поповски.

                              На Блаже Конески

Прекрстив скелет од колци вкопани в земја,
соѕидав ѕидишта, нафрлав кал,
и секој ѕид му се оѕиваше на сонцето.
Направив убаво огниште: со синџир, со полица,
со чингели, со тланик,
дигнав висок оџак и утринум гледав
со чадот нагоре
како шетаат и моето тело
и моето дивно име:
ниско под земјата – високо над ѕвездите.

Во мислите го видов јас својот дом
– колку за својот костур,
меѓу еден манастир и едно езеро.

И имаше само една врата мојот дом
– колку да влезам во него;
и една постела покрај огништето
– колку да легнам во неа:
сам со својата смрт,
како со невеста – во ноќ на затруднување.

 

ante-i-blaze

Напишано од
More from РЕПЕР
Враќањето во Панџруд
Сите постојано ги кажуваат моите стихови за виното, сите ги пеат, на...
Повеќе
Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *