Извонреден стрип на бразилскиот цртач Рикардо Јошио Окама Токумото, кој твори под псевдонимот Ryot Iras. Во стрипот станува збор за наоѓање на изгубената половина и соединување со неа во една целина.
Браун е американски цртач кој соработувал со многу попознатиот Роберт Крамб. Во овој краток стрип брилијантно го прераскажува својот живот со неколку потези на цртачкото перо.
„Се родив без талент и без раце. Но со напорна работа ми пораснаа раце. Не ги биваше за ништо друго освен за цртање“, вели за себе овој американски уметник.