Што друго значи тоа што те љубев освен примирје / на копнежот по бидување? / Што друго е освен болка тоа што знам дека / отаде вратата – разоружана – го чекаш / повикот на отсуството?
Денеска сум поделен меѓу верноста, / што ѝ ја должам на Табакарија од другата страна на улицата, / како нешто вистинско однадвор што постои, / И чувството дека сѐ е сон, / како нешто вистинско однатре што постои.
Паѓам во една Нарнија секоја ноќ и скоро секој ден / со ѕвезди и зраци заплеткани како фиде. / Паѓам во една Нарнија и само таму сум / на моите пет или шест.
Те гледам / во мекиот одблесок. Не знам дали / те познавам; знам дека / никогаш не сум бил / разделен од тебе како што сум сега во ова задоцнето / враќање.