Ѕвездите ќе бидат секогаш тука за месечината

Бестелесност

Ќе биде зима.
Ќе има жолтеникави цреши,
a ти ќе јадеш есенска диња.
Нозете ќе ти бидат во амброзична тиња
и ќе нема кај да одиш.
Тогаш ќе дојдам по тебе да те земам.
Ти да ме водиш,
да те следам во лебдечкиот чекор кај одиш
и одново со љубов да ме родиш.
Ти си реткост, а тоа е реликвија,
комета што се појавува еднаш на милијарда години,
инсект што живее повеќе од 300 години,
како бесрелесна медуза.
Хм да…
мојата бестелесност е твојата душа,
А твоето тело, е мојата вечност.
Јас ќе останам земен
Додека твоето тело стои исправено
Кога ќе легне на друго место освен покрај мене,
ќе испарам во друг универзум.

Патеник

Сум бил на многу места,
А не сум шетал многу.
Немам посетено ни земји ни локалитети,
А сум бил во многу душевни состојби
И сегашни моменти.
Сум бил во сите што се чувствуваат вака така или онака.
Секогаш сум го богател духот
А не споменот,
задоволството и хедонизмот
Сум бегал од примитивизмот
Иако таму се наоѓаат наједноставните одговори.

Универзумска Симбиоза

Ѕвездите ќе бидат секогаш тука за месечината.
И покрај тоа таа не ќе стане дел од нив.
Ќе биде најсјајна за една перспектива,
која може да ја искаже со зборови
За земјата, што е незаземјена,
Лебди и се врти низ овој универзум,
Според нашата заблуда само околу нас.

Заб што паѓа 

Кога прв пат заб паѓа,
нов се раѓа.
Кога втор пат паѓа од исто место
Само шуплина останува
И канал има. .
Кога со нешто се идентификуваш
На помош сите сили ги повикуваш
Па се развикуваш и штитиш
Се што навидум е твое.
Но како е кога една нишка,
гранка од твојот личен идентитет се откинува?
Кога тоа што долго во тебе живеело веќе не ти припаѓа.
Дали нешто ново тогаш се раѓа?
Или е само граѓа после пожар што се разлетува стои
Не?
Жар останува со ништо што не се згаснува?
Со мир што не спласнува,
Трева што не го обраснува
Ниту пак зараснува…
Не знам…

Емоционална симбиоза

Не сме во склад со природата.
Луѓево сме исто што и природата
Дел од неа,
Имаме зборови само да преведуваме и заплеткуваме она што се случува,
Во нас, низ нас, под нас, понекогаш и над нас .
Ете под некој емоционален набој сме како секогаш, подгреани од стресот на динамичното живеење,
исправени или свиткани во проблемите,
се загреваме како сонцето што ја загрева земјата.
Па ќе не задуваат ветришта демек да не ослободат и ја губиме основата
Подлогата…
Ии летаме се додека не ни натежнат облаците во различни облици
Па нив ги држиме сизифовски,
Иако тие повеќе не држат,
да не ја пробиеме атмосферата и да се претвориме во материја која за секогаш излегува од земјата.
Ако тие облаци се благонаклпни кон нас потемнуваат,
Не за да ни нанесат зло туку за да ни ја покажат темната страна и да имаме за што да се бориме и со што да се бориме.
И нив ќе им здотежи па ќе посакаат да се ослободат, па ќе се расфрлаат со стрели и молњи

Тагови од објавата
Напишано од
0 replies on “Ѕвездите ќе бидат секогаш тука за месечината”