Кревкост во топлината

Но душата

Цигарата гори, дробот боли, но душата живее.
Кафето тече, срцето пече, но душата е возвишена.
Алкохолот опива, црниот дроб се убива, но душата влегува во соништа.
Материјално се рушиме, душевно да се утешиме, но само доволно да не се докршиме.
Смеј се сега, плачи сетне, качени на тобоганот кон пропаст да не вметне.
Алтернативата е да се љуби, но и тоа води човек да се самоуби.
________________

Кревкост во топлината

Секоја интеракција со тебе ми е духовна,
Душата ми е исклучително љубовна.
Чекори твои следам,
Твојата бесполезност ја гледам.

На највисоките планини сум со тебе,
Твојата прегратка ме топли како ќебе.
Моето срце оди низ пукнатини,
Низ времето оди да стигне до твоите убавини.

Не е крај, не е почеток,
Туку енергијата ти е бесконечен блесок.
Кажи ми низ што си поминала,
Би можел ли да се приклучам во орбитата?

Мојот поглед да ми се твоите очи,
А твојот глас да ме кочи.
Јасно да ти е, биди ми душа,
А јас ќе бидам тој што ќе те слуша.
______________________

Патам за тебе

Патам за тебе, патам за тебе,
не постои веќе да ме згрее твоето ќебе.
гушни, вети, сподели па да оставиш,
не бидува така да ме запоставиш.

Зошто во мене, зошто пак мене?
За да ја оставиш љубовта да вене?
да го оставиш моево срце да раскрене?
Пловев за тебе низ води не прогледани,
но само остави зборови низ лажни усни заповедани.

таа ноќ врежана во мојата душа,
беше единствената што ме сослуша,
но како дух, не ми ни остави ни трага,
сè уште чекам за тебе на мојата прага.

Тагови од објавата
Напишано од
0 replies on “Кревкост во топлината”