1. Книга која ти го променила животот
„Пеколен портокал“ од Ентони Бурџис. Таа книга ми го промени животот, во второ одделение почнав да пишувам дневник, наивно копирајќи го стилот на новооткриената и новопрочитаната книга. И се’ уште и’ посветувам по нешто на оваа книга. Без разлика дали ќе се сликам покрај џиновски мурал на овој писател во Манчестер или ќе го копирам неговиот стил во четири реченици во едно поглавје од мојот најнов роман „Доаѓањето на матадорот“.
2. Книжевен guilty pleasure
Стрипови во летните месеци кога се обидувам да се навратам на најраното детство со авантурите на Командантот Марк и Текс Вилер.
3. Жанр без кој книжевноста може да преживее
Ако јас укинам некој жанр веројатно би ме убиле 😊 Но би можел без сите видови фантастика.
4. Писател/ка со кој/а би поминал 24 часа заглавил во кафана
Мишел Уелбек. Се надевам дека неговата меланхолија на современиот човек е влијателна и заразна само кон мојата литература, но и дека со задоволство би уживал во разговор со него. И Тони Парсонс поради возбудливите музички години на почетокот на неговата и мојата младост.
5. Ако до крајот на животот смееш да читаш само една книга, тоа би била:
„Слобода“ од Џонатан Франзен.