ИЗБОР ПОЕЗИЈА

1. Кон

 

Вечно на ум Итака да ја имаш.

– Константин Кавафи (Итака)

 

Ме газиш со тон на вистински војсководец,

Би рекол „Каде одиш?“

Нешто те носело кон мене.

Додека ме пронајде,

Далеку ќе се пронајдеш.

На мене газат чудовишни снаги,

Триоки и одмазници

Воден Бог и трозабец,

Кошмар, ладна пот, језивост.

Лесно се преклопува,

но вреди и твојата самоодбрана.

Со став нема страв и

Лесно ќе проодиш низ моиве лавиринти

Ќе одлеташ, триочни, олчни болни финти

и водениот Бог ќе го заборавиш

ако со милно му се одмаздиш.

 

Ме протегаш како далечна цел,

јас вековна Итака,

јас грозоморна Итака,

што гризи низ тебе уплав,

што шепти злостор,

но носи и среќа мојот простор!

Купи од моиве народи,

понеси доблести.

откупи од моиве народи,

понеси мудрости.

Јас знам, радост ќе те наполне,

Одисеју великант,

кога мирисот на разбирливост ќе го сретниш

кога низ прсти допираш култури,

кога собереш туѓи мислења

и примиш во свој

 

Јас сум пат,

ме одбра ли?

Јас знам, бараш Пенелопови усни,

јас знам, домот е небезбеден.

Но, мисли на мене.

Не, отскокнувај ме.

Не сум дел од заборавот.

Не ветувам ништо материјално.

Давам само смисла.

Давам смисла и твоја мисла.

Давам посладок крај,

 

духовно, позлатен.

Предавам долги сказни

и ќе те научам да цениш,

Векови разноразни.

 

Да цениш секаква победа,

секаква болка и беда,

секоја препрека и лоша и добра.

Ќе цениш тело и душа.

Преку туѓите,

сакајки ко свој.

Биди си твој.

Гази како вистинскиот војсководец

што си.

Сонувај за среќниот крај,

но никако не се брзај.

 

Јас сум Итака.

Патот што те води кон твојот дом.

Падини ќе сетиш, но без грижи.

Тоа е дел од авантурата.

Ќе станеш и ќе разбереш она што се ближи.

 

Дрим бејби дрим

 

Речни корита се наполнаа

откако фрлам ситни пари надежност

но, не е крај.

Надојдува Дримот и димот за збогум

од тоа што го сонуваш

или несмасно го прогонуваш,

 

си велиш сè во животот ќе проголтуваш.

 

Каква шала,

ни вода ни сон немаш

твоето тело е чекор пред дехидратација

а ти молчеш пред очите на својот Бог

мислејќи дека не си религиозен

ако побараш нешто од небесата.

 

Чудно? Не бараш чудо

бараш чиста рационализација

Зошто? Зошто? Зошто?

Само тоа се прашуваш секој ден

држејќи го мостот од самоконтрола

врз двете страни на сопствената Струга

 

—Чекајќи да се нурнеш во одморањето

на пустошните плажи

Од другата страна на работата

која те мами и лажи цел живот

дека никогаш нема да си доволен

 

Одбегни се,

од егзистенција

Дрим бејби дрим

без корекција

 

Одмори се

 

или

 

пронајди се.

 

До кога?

До кога, немолењето пред Бога.

 

предавство на судба на едната нога

чекор назад, талкање врз другата.

 

Туѓинец во бетон зграда

 

додека силно лее

пиштол љубен

и немир снага

вбуден,

пуст град

гони се впустелија

те поти сиот мрак

и те белее тежок млаз

на тивкото

сегашното,

прокованото,

мизерство.

Секој човек е снемоштен

од твојата снага.

Губи се,

твојот корист

диши тага

и неверство

како нервен овен.

Патиштата се сини

кој ги водам вечери

вдини.

А јас?

Би била

милослива

сочувствителна

кротка душа

љубов што дава

и дава

но вместо ќе тапка

и капка по капка

губам ли траг?

од она што ,некогаш бев

и поседував

исчезнува приказ

моето лице свика

Ти ли си туѓинство?

венец трнен,

небесен врбец

што блика горе долу

низ вшуми прокопсани

низ дни неминати

низ сонца неизраснати

врни снег вгради

и конечно кога ќе се всади

задоволството од тоа

што некогаш го имам.

Тагови од објавата
0 replies on “ИЗБОР ПОЕЗИЈА”