Уметност во секојдневните предмети

Кога ќе ни кажат „накит“ обично помислуваме на светкави предмети од злато или сребро, но накитот кој го изработува Кузмановски се издвојува од она што досега сте го виделе, и тоа не само по материјалот од кој е изработен.

gligor

Обетки, игли за коса, нараквици, ѓердани, прстени, брошеви… сите од дрво, со необичен и несекојдневен облик, дизајн, изглед, бои. Накратко тоа би можело да се каже за накитот на Глигор Кузмановски кој веќе две години го изработува. Тој исто така изработува и скулптури од дрво, но сепак, овде се решивме да го претставиме првенствено преку предметите за секојдневна употреба, односно сите оние мали и поголеми парчиња, познати и под називот „модни додатоци“.

[nggallery id=1]

 

Глигор Кузмановски е роден во Скопје, 1979 г. Завршил студии по Историја на уметност и археологија на универзитетот Кирил и Методиј. Со дрвото се друзел спорадично… изработка на сопствени играчки, обиди во скулптура (групни изложби во Скопје и Свети Николе), меѓутоа последниве две години решава да се посвети на изработка на накит – вметнувајки ја уметноста кај секојдневите минувачи (скулптури за тело). Досега има учествувано на најразлични настани: Изложба во склоп на Поетските вечери во Велестово(2011), групна изложба со колегите дизајнери- Накит на Метро (МКЦ- Скопје 2012), соработка со модната дизајнерка Росица Мрсиќ за колекцијата есен-зима 2011/12, потоа и пролет-лето, со која се претставивме на Skopje Fashion Week 2012 и последно Skopje Design Week 2012.

Напишано од
More from РЕПЕР
Ленинградскиот Јасновидец
Пренесуваме расказ од книгата „Во својот дом“ на Сузана Тратник во превод...
Повеќе
Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *