Книго-игра/ Метафора 1/ Метафора 2/ Шафлизам

Авторот (фала богу) речиси секогаш се претставува под исто име и презиме, Марко Трпески (значаен податок, ќе признаете), официјално во неговиот Curiculum Vitae стои дека е по вокација графички дизајнер, со место на битисување во Скопје. За себеси не милува да зборува, а кога мора, притиснат од околностите (или притиснат за врат), знае да спомене дека има неколку преокупации, најчесто е хобистички трагач и сега веќе сертифициран собирач на метафори, фриленс собна мумија, понекогаш друид со договор на дело во непокорен идеалистички обид за создавање на сопствен микс од реалноста. Непоколеблив чекач неговите дела да прозборат…и, ете ти…

Проект книго-игра кој многу наскоро треба да се реализира и да излезе од печат, проект кој треба да не натера да се осмелиме да создаваме светови, приказни или да најдеме клуч да ги ослободиме нашите приказни од самиците на потсвеста. Се работи конкретно за еден вид колаборативна уметност и литература во која што оној кој ќе се осмели да зачекори низ страниците на книго-играта ќе треба да ми помогне да ја довршам книгата т.е така што ќе создадеме персонализиран примерок за секој еден читател-писател.



 

Метафора – поглед зад огледалата мојата прва збирка илустрации и текстуални минијатури, јас си ја нарекувам метаалманах на стравови, радости и се што се крие зад огледалата на потсвеста.

 

Метафора – регресивна дисоцијација е втора од трокнижјето илустрации и текстуални минијатури и носи поднаслов регресивна-дисоцијација и е патепис без хронотопи. Досие за изгубените вредности. Ламент заодродувањето. Парафраза на создавањето. Перископ кој гледа директно во лиминалното.

 

Шафлизам/Shuffleism е проект кој исто манирски припаѓа на надреализмот и е симбиоза меѓу непретенциозни симболи кој имаат желба да станат изричити метафори и цел да бида протолкувани како критика. Мало надреалистичко социолошко огледало во суштина.

Тагови од објавата
Напишано од
0 replies on “Книго-игра/ Метафора 1/ Метафора 2/ Шафлизам”