Mи се допаѓа во оваа чудесна земја на Балканот


Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home/echqdumm/public_html/reper.net.mk/wp-content/themes/simplemag/formats/format-standard.php on line 28
Ми се допаѓа во оваа чудесна земја на Балканот! Ми се чини како да е сè застанато во некое волшебно пространство. Помеѓу Истокот и Западот, помеѓу антиката и модерноста.

92948787

ДОМА

Зошто во Македонија сум како дома исто како таму од каде што доаѓам?

Не можам да кажам дека во Македонија се чувствувам како дома, затоа што во мојот роден град ритамот на животот е побрз и потежок, но повеќе ми се допаѓа во оваа чудесна земја на Балканот! За многу кратко време, за само неколку минути, се воспоставува магичен дијалог. Ми се чини како да е сè застанато во некое волшебно пространство. Помеѓу Истокот и Западот, помеѓу антиката и модерноста.

ШЕТАМ

Кое место е најубаво?  

За мене е Охрид. Разбирливо.

ХРАНА

Од храна секогаш нарачувам…?  

Пинџур.

УМЕТНОСТ

Уметничко дело што ќе го паметам барем едно дваесет години…?

Во моите научни интереси, архитектурата е секогаш на првото место. Поради тоа, многу ги сакам сите византиски цркви, на пример манастирот „Свети Наум“ или црквата „Свети Климент“ во Охрид, но и сите други што ја имаат душата на минатиот век. Прекрасно е тоа што во Македонија се зачувани куќи и вили од периодот art-nouveau, кои имаат и национален колорит и висока уметничка вредност. Моја омилена зграда е Амбасадата на Италија во центарот на Скопје (улица „Лермонтова“), а во Охрид –  куќата на академик Милан Ѓурчинов на кејот.

osogovo2

АВАНТУРА

Највозбудливата случка во Македонија…

Многу интересна авантура од областа на културата за мене е манифестацијата „Поетска ноќ“ во Велестово, годишниот фестивал на модерната македонска поезија. Секогаш е незаборавно како на полноќ месечината пали на планината неонски светла и само понекој збор се шири над езерото. Боемска атмосфера во таков средновековен мистицизам. Оваа година, пак, најсилен впечаток ми остави Голем Град – остров на Преспанското Езеро. Дива природа и игри на фантазијата. Сите урнатини од базиликите може само да бидат измислени.

ЛУЃЕ

Се дружам со…?

Во основа, мојата комуникација е најмалку академска. Се дружам со филозофи-слависти, историчари на уметноста, архитекти, уметници, со музејски куратори. А и многу лесно запознавам други луѓе, Македонците се отворени и секогаш можат да зборуваат со еден странец на пријателски начин. Едни од своите најдобри пријатели од другите земји, исто така, ги запознав во Македонија, па затоа за мене ова е место на доброто и интересно пријателство!

СЕПАК

Што би сменила во Македонија?

Ништо! За политика не зборувам воопшто, а сè друго е божествено. Има хармонија насекаде!

САМО

Што е тоа што го има само тука и никаде на друго место?

Не можам да кажам нешто конкретно. Сè зависи од спомените на секој човек…

 

Вера Дубровина е доктор на Историја на уметноста на академијата Строганов.

1
Напишано од
More from РЕПЕР
НеМил мој
Три песни од младата поетеса Катерина Диманова коишто пленат со својата лиричност...
Повеќе
Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *