Тринити


Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home/echqdumm/public_html/reper.net.mk/wp-content/themes/simplemag/formats/format-standard.php on line 28
Тринити е соѕвездието на кое тие секогаш му се враќаат.

ТРУМАН: Од вчера и официјално е лето. Само што го одминавме дваесет и првиот ден од шестиот месец и еве ги капките пот како се лизгаат по челото, надолу по носот, до устата. Се лизнуваш со јазикот, солен си. Е да, вистина е дека си солен, доаѓаш од длабочините на светското море. Лигава амеба. Гуштер во најдобра рака. Еволуцијата си има свој пат, кој те прашува тебе? Ти си тука да се потиш. И да се потиш. И…

tri1

___________________________________________________________________________

ЕДИ: Зошто дојде? Колку ќе останеш? Што планираш да правиш?

АЛЕКС: Ќе се шетам. За времето не би знаел со сигурност да ти кажам. Важно ќе се дружиме.

ЕДИ: Што правиш таму?

АЛЕКС: Ништо. Се разведов. Пред еден месец. Непремостливи разлики. Така пишува. На англиски… Ме остави.

ЕДИ: Секако.

MiguelVallinas7-615x921АЛЕКС (гушкајќи го Ед): Ах, Ед, убаво е да си дома! Ќе полетам од радост, к’о да имам крилја! Ова, Ед (покажува кон кимоното)… е сериозна работа, многу сериозна. Оваа далекоисточна култура тотално ме промени, му даде смисла на мојот таканаречен живот. Последниве шест месеци сум вистински среќен. Никогаш не сум бил посреќен, ти кажувам. Тај чи, јога, медитација (имитира движења). Зеленчук и крцкави лебарки. Мачки и кучиња не, никако… Рече дека сум неподнослив artificial азиски смрдлив кучкин син. Како и да е, подобро што испадна така. И подобро што дојдов тука. И така бев во невидени долгови. Морав да киднам.

ЕДИ: Значи, не е носталгија?

АЛЕКС: Тоа дополнително.

ЕДИ: Мораш да си одиш. Имам работа, ти кажав.

АЛЕКС: Опушти се Ед. Relax! Не одам никаде. Еве, ќе седнам овде, може? (седнува на троседот, Ед луто го гледа) А што поточно ќе правиш?

ЕДИ: Не можам да ти кажам.

АЛЕКС: Зошто?

ЕДИ: Затоа што не е време. Рано е.

АЛЕКС: Рано е… Времето Е. Нема рано-касно. Едно е. Би требало да ја споделиш таа тајна со некого. Еве, со мене. Сега и тука.

ЕДИ: Многу е опасно да зборувам за тоа сега, ако дознае некој…

АЛЕКС: Кој да дознае? Нема кој да дознае, не ми веруваш?

ЕДИ: Слушај, некој како да знае веќе. Ми стигна честитка: „Те следиме. Поздрав!“

___________________________________________________________________________

MiguelVallinas10-615x920ÉDOUARD: Bonsoir! Добровечер. (Еди и Алекс запираат со борењето и погледнуваат кон човекот, а другите стојат во круг свртени со грбот кон нив.)

ЕДИ и АЛЕКС: Добро… вечер.

ÉDOUARD: Недоразбирање? Проблем?

ЕДИ и АЛЕКС: (сѐ уште лежејќи на земјата, во истата позиција) Проблем? Не… не… нема проблем (збунети, наеднаш стануваат). Од каде вие овде? Кои сте… вие?

ÉDOUARD: Погрешно прашање.

АЛЕКС: Погрешно?

ÉDOUARD: Ете, monsieur Алекс, повторно сте во центарот на кругот.

АЛЕКС: Wtf?!

ЕДИ: Јас мислам дека прашањето беше сосема на место и затоа ќе го поставам уште еднаш. Кои сте вие? Што е со маскава?!

ÉDOUARD: Маската си ти, monsieur Ед. Да се запознаеме. Je suis Édouard.

___________________________________________________________________________

ЕДИ: Зошто сметате дека клучот е баш тука и тоа токму кај еден сосема небитен, обичен човек како мене?

ÉDOUARD (тивко): Le cafѐ.

ЕДИ: Како?

ÉDOUARD: Le cafѐ. C’est plus fort. Појако е овде. Полесно буди.

ЕДИ (смеејќи се гласно): Кафето?! Ха-ха. Лудило! Буди… грешите, monsieur, можеби е појако, но само во горчина, Ве уверувам. Повеќе заспани луѓе нема на ниедно друго место на драгава планета. Ова е џунгла од заспани луѓе што деноноќно месечарат и се струполуваат во сопствената замаглена бездна на заборавот.

tri2

___________________________________________________________________________

ЕДИ: Еј, еј, еј! Која си ти?!

ЈАГОДА (рипа од креветот и му подава рака): Јагода, мило ми е (се ракуваат).

ЕДИ: Јагода? Како овошјено?

ЈАГОДА: Баш таква. Само шумска.

ЕДИ: Шумска? Има разлика?

ЈАГОДА: Има. Поубаво мириса.

……………………………………………………………………………

miguel-vallinas-13ЈАГОДА: Еднаш неделно имавме секс во дворот.

ЕДИ: Како?!

ЈАГОДА: Јако. Ха-ха. Се топевме заедно со месечевата светлина. Нè снемуваше во мракот, се лизгавме по тревата и по искршените плочки, по некоја гребаница овде, по неколку модринки онде, но сѐ за љубов, нели…? Се криевме под шушкањето на кревките ливчиња од кајсиите и од црешите. Апсолутно романтично.

ЕДИ (сериозен): Каква точно установа е тоа?

ЈАГОДА: Па, не е баш установа (Еди прашално ја гледа).

…………………………………………………………………………

ЈАГОДА: Се лекував од предалкохолизам, океј?!

ЕДИ: Добро, извини, од каде да знам… И тоа ли постои?!

ЈАГОДА: Од каде да знаеш… Ништо ти не знаеш! Од каде да знам (го имитира).

ЕДИ: Точно, ништо не знам.

ЈАГОДА: И баш таму мораше да… Всушност, не го сакав. Мислев дека го сакам, но…

ЕДИ: Тој од дворот?

ЈАГОДА: Да… тоа е тоа, најверојатно белиот мантил беше тригерот. Ми стапна на некое копче што се вика Бел мантил! Бел мантил!

ЕДИ: Докторот?

ЈАГОДА: Не. Братот. Медицински к’о сестра, само брат. (Го погледнува.) И ти имаш бел мантил.

ЕДИ: Да, имам… но можам и без мантил да работам, не дека многу ми треба…

ЈАГОДА: Не се секирај, не ми се допаѓаш. Воопшто (гледајќи го право в очи).

ЕДИ: Не? Па, и подобро, да ти кажам, зашто ни ти мене не ми се допаѓаш…

…………………………………………………………………………………..

miguel-vallinas-4ЕДИ: Каде беше?

ЈАГОДА: Се шетав.

ЕДИ: И ти ли?

ЈАГОДА: А кој друг? Ми требаше.

ЕДИ: Не беше дома. Те барав.

ЈАГОДА: Не. Во хотел.

ЕДИ: Нели не си сакала да одиш во хотел?

ЈАГОДА: Немав избор. Морав некаде… Ти се допаѓа како сум облечена? (потпевнува) She wore blue velvet (whoa whoa) Bluer than velvet was the night (whoa whoa whoa) Softer than satin was the light… From the stars…

ЕДИ: Убава си. Темносина. Како ноќно небо.

ЈАГОДА: Темносина кадифена јагода. Нема многу такви јагоди, го знаеш тоа, нели?

ЕДИ: Ти си единствената. Што правеше сама во хотел? Сама?

ЈАГОДА: Ништо не правев. Тотално ништо. И уживав во тоа. Зјапав во плафонот. Не знаев дека еден обичен бел плафон може да понуди толку голема палета од ѕвезди. Повеќе и од самото небо. Небото во градот е штуро, празно или во најдобра рака – полупразно. Сите ѕвезди се разбегани. Се шетаат некаде, којзнае каде. Сакам да одиме таму каде што сите ѕвезди се на број. Ветуваш дека ќе одиме?

ЕДИ: Ветувам.

Тринити е три. Тринити е тројство меѓу јазолот на смртта, моќта на љубовта и вечното пријателство. Тринити е драма за пукањето на маските. Тринити е драма за човекот чии точки се разбегани, се шетаат некаде, којзнае каде.

Тринити е соѕвездието на кое тие секогаш му се враќаат.

Тагови од објавата
, , , ,
0
Напишано од
More from РЕПЕР
Предавање на Виктор Ерофеев на Филолошкиот факултет во Скопје
На 26 декември 2013 година (четврток), гостин на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“...
Повеќе
Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *