Неколку луѓе бевме на состанокот?!

Примерите од типот Неколку луѓе бевме на состанокот, иако се доста чести, претставуваат проблем во однос на согласувањето по лице меѓу подметот и прирокот...

nПримерите од типот Неколку луѓе бевме на состанокот, иако се доста чести, претставуваат проблем во однос на согласувањето по лице меѓу подметот и прирокот – подметот е во трето лице, а прирокот во прво лице.

Овие проблеми настануваат поради тоа што е подметот изразен со именска група што означува некакво множество чиј дел е и зборувачот, па оттаму потребата прирокот да се изрази со форма во прво лице.

Доколку сакаме да постигнеме согласување по лице и доколку го ставиме прирокот во трето лице множина, ќе се изгуби информацијата за присуството на зборувачот во дејството: Неколку луѓе беа на состанокот. Реченицата граматички ќе биде коректна, но нема да дава целосна информација дека и лицето што зборува е дел од вршителите на дејството.

Затоа, препорачливо е кај ваквите примери присуството на зборувачот да се изрази на некој начин со цел да се постигне согласување меѓу подметот и прирокот. Еден од начините на кој може да се направи тоа е да се трансформира горенаведената реченица во ваков облик: Ние, неколку луѓе / неколкумина, бевме на состанокот, или: Јас и уште неколку луѓе бевме на состанокот.

На mak.katce@gmail.com може да ги испратите своите јазични забелешки и коментари.

Тагови од објавата
Напишано од
More from РЕПЕР
Од „Бележниците“, втор дел
Книжевни и политички анегдоти од животот во советска Русија, размислувања за уметноста...
Повеќе
Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *