Филиз не е жртва само на Јунус, туку првенствено е жртва на нејзините родители, на гетото во кое живеела, на сите тие заостанати и одвратни средновековни навики, без кои, ми се чини, како да не сакаат да живеат.
Една шега од детството многу убаво ќе го опише односот на браќата Николови и нивниот заеднички престој во срцето на Австрија. Масло и вода. Секогаш дијаметрално спротивни Даниел и Виктор и покрај сѐ не можат еден без друг.
Инспиративен роман на една навидум обична, бедна жена по име Сира, која, користејќи го своето знаење и љубов кон шиењето, многу храбро се трансформира прво во угледна и престижна шивачка, а потоа во таен агент на сојузниците за време на Втората светска војна.
Па така, според Блаже Конески, Македонија го добила во Јордан Хаџи
Константинов – Џинот својот најистакнат учител, а неговата „Таблица Перваја“ („Прва таблица/книга“) Конески ја смета како почеток на една нова епоха во развитокот на македонската просвета и писменост во 19-от век.
За мене, Аушвиц отсекогаш беше забранета зона. Единственото место на светот за кое бев сигурен дека никогаш нема да го посетам. Местото на кое членовите на моето семејство биле одведени насила и потоа задушени со гас како заразени животни.
Приказна за љубовта, за жртвувањето, за нашите слабости и гревови, за вербата во доброто и исправното. На сите нас животот ни пружа шанси, на некои повеќе, на некои помалку, да го победиме злото и да се издигнеме над него.