Славата и височините се празна куќа без вистинските вредности на личноста и душата. Но, запознав една ѕвезда која поседува неверојатни височини и исконски длабочини во себе. За неа ќе зборуваат и овие и наредните генерации.
Сара Конин е ученичка во осмо одделение во основното училиште ,,Кочо Рацин” во Куманово. Живее со својата мајка, прекрасна учителка низ животот и нејзината Ахилова пета, Весна Георгиевска и неуморно и дење и ноќе работи на својот сон. Немам сретнато осмоодделенка која толку ревносно работи на полето на знаењето и не губи време на бесполези игрици или што е да е друго што нејзините врсници би го правеле. Самосвесена за своето скапоцено време и талент, а толку скромна и штедлива во зборувањето. Како осмоодделенка таа веќе учи математика од книги кои се за факултет, ги чита Хокинг и Ајнштајн, освојува награди на поетски натпревари во Италија, а наскоро се подготвува за уште натпреварувања низ светот.
Зборовите пред сè и ги препушта на својата мајка, а за себе вели дека ќе си молчи и ќе си работи во име на нејзината желба и цел, НАСА. Просторот и бесконечноста се она што ја фасцинира и сака да го истражува. Светот ќе дознае за ова скромно девојче по нејзиниот ум, успеси и работа.
– Честитки за освоената награда на конкурсот во Трст, Италија, ти посакувам уште многу вакви успеси и награди ширум светот. Кога откри дека ти лежи пишувањето поезија?
СК:Пишувањето за мене не беше и не е оној класичен ритам кој го води некого да напише песна. Го читав песните не мајка ми, таа ми читаше поезија од Есенин и Превер и во тие песни кои многу ги сакавме… гледав слики од животот. Јас немам многу песни, но мајка ми ми рече еднаш: ,,Песната е цвет кој ќе расцути во секое срце и до крај на светот, само ако зборовите доаѓаат од душата. Ако се вистинска порака на срцето”.
Затоа моите песни се едноставно пораки до луѓето, до светот! Она што ми лежи или го чувствувам во срцето.
– Како ти дојде при рака овој конкурс и зошто токму оваа песна ја испрати?
СК:Конкурсот ми го даде професорката Маја Стојановска, а и порано имав чуено за него. Два пати учествував и два пати песните беа наградени.
Песната ,,Јас или ти” е пораја за еднаквоста, мир и единство до сите луѓе во светот, дека сите сме исти, јас, ти, секој… на сите страни на светот. И баш ми е драго што ја испратив како порака од мојата татковина Македонија.
Втората наградена песна од следната година ,,По патувањето” е посветена на баба ми која бескрајно ме сакаше, а зборува за симболично патување на душата која како ангел-чувар секогаш останува… и секој кој го сакаме дали е тука или повеќе не е со нас, било да е на крај на светот, на обично патување… или во бескрајот… тој сепак е со нас зошто љубовта ги поврзува луѓето.
– Кои теми ги обработуваш во своите дела?
СК:Како што реков јас пишувам спонтано и сакам луѓето да го погледнат светот со добрина и љубов, а не омраза и беда… да нема сиромаштија, глас и војни и солзи на една страна… а богатства, љубомора и злоба на друга. Зашто сите сме исти и сме испратени од Бога на овој свет за добра мисија. Лесно е нешто да уништиш, тешко е да го изградиш!
– Знам дека многу ја сакаш математиката, имаш освоено први награди на локално и регионално ниво, додека на државно си на високото второ место. Кои се твоите идни планови на ова поле?
СК:Да! Математиката и астрономијата сепак се мојата најголема љубов! Победував и на математика и на биологија и на државни натпревари. Имам победи и по англиски и државни награди и меѓународно признание и во ликовната уметност.
Ама мојот свет е математиката и мислам дека тоа е патеката која ќе ме одведе во истражување и на просторот, бесконечноста. Формулите и бројките за мене се скалила по кои сакам да достигнам до бесконечноста на просторот и времето. Sвездите и вселената… галаксиите и вечното прашање што е она понатаму… се мојот предизвик.
– Каде се гледаш себеси за 10-15 години?
СК:Па најпрво да пораснам… ќе продолжам исто да ги сакам сите, да пишувам, на слабите да им помагам, на успешните да им подадам рака и да учам од нив, на лошите да им простувам зошто лошото е нивна казна за жал… да читам и учам… сите предмети… некако сите ги сакам на свој начин.
Ама мојот свет ќе биде патеката кон бесконечноста на Универзумот. По неа ќе одам со мојата голема љубов кон математиката, астрономијата, физиката и информатиката и компјутерските достигнувања!
Можеби еден ден ќе патуваме низ вселената и тогаш со хемијата на љубовта ќе ги обојам сите галаксии и на секој ќе му кажам дека науката е вечност… бесконечност, а добрината е во срцето.
Патот не е тежок, Ајнштајн рекол 99% е трудот, а 1% талентот… и… МАТЕМАТИКАТА Е ЛЕСНА! САКАЈТЕ ЈА!
Двете поеми со кои Сара освои награди на поетскиот натпревар во Италија.
…after the journey…
What is a life? Just shadow…
a glass of red wine
a drop of rain on my window
or a rainbow after sunshine…
Step by step, like drops of rain
That autumn afternoon
I claim on the stairs to garret
Like on the dark sky silver moon…
I found in the dust a lot of things
old lamb and armchair
my doll and Christmas bells…
Memories…
And… in the dark corner
where dreams a little bug
little and alone… I found an old
traveling bag… forgotten in the time.
I open the door of time…
captured here
maybe just for me…
My granny… Blue dress like Mays blue sky…
I saw amazing butterfly
fly up to my arm…
I found her books… about history of the world…
She was a teacher and teaches
me everyone to love… Happiness and peace
are for the world
life is like our story and after we had gone like stars
If not describe you
a good journey where you meet people,
help them, smile with them and
give just a love…
You’ll be just poor drunker
with a broken empty bottle…
I found her glasses, and a little trefoil
put on one pace of book
She had written: Keep and give the love
we are just shines of the hand on GOD…
I feel her smiley touching the bag, and when I come to sleep
in my dreams… She smiling to me and put a flower
into my hand…
She wishes like live is just journey
we will always stay with those how we love!
God just send the Angels to blossom
as flowers in our souls…
You or me…
You or me
I think it doesn’t matter
everyone with a pure soul
is an Angel’s voice…
And we will make
the world a better place…
You’re maybe from China
France or England…
even Ganna, Australia
or Greenland…
But your heart is the same
like mine…
Full of sunshine, love for the world
like a glass of red, sweet wine…
You or me … Me or you…
We are all the same with only a different name
hold my hand and grab another
We will all fly like birds in freedom
The Sun shines for all the world, peace for everyone!
Let our souls be stars
in the freedom sky!!!
Sara Konin