Осврт за „Лавр“ од Евгениј Водолазкин

Приказна за љубовта, за жртвувањето, за нашите слабости и гревови, за вербата во доброто и исправното. На сите нас животот ни пружа шанси, на некои повеќе, на некои помалку, да го победиме злото и да се издигнеме над него.

Од посочувањата на времето сѐ почесто му паѓаше напамет зборот ЕДНАШ. Тој збор му се допаѓаше затоа што го совладуваше проклетството на времето. И, ги утврдуваше единственоста и неповторливоста на сите настани – ЕДНАШ.

Уф, добро возење беше Лавр.
Да бидам искрена, на почетокот мислев дека нема да ми се допадне, дека не е за мене, ама се покажа како книга која се издигнува во планина.
Приказна за љубовта, за жртвувањето, за нашите слабости и гревови, за вербата во доброто и исправното. На сите нас животот ни пружа шанси, на некои повеќе, на некои помалку, да го победиме злото и да се издигнеме над него. Прифаќајќи го предизвикот, си ја спасуваме не само својата душа, туку и човештвото.
Да знаете, ова не е книга „во еден здив”, ова е многу длабока книга, како океан.
Моја препорака за сите. И за оние кои веруваат во бога и за оние кои не веруваат.
Некој ако ја прочитал Авијатичарот, или и двете, нека сподели мислење.

Тагови од објавата
Напишано од
More from Тања Петковска
Рецензија за „Во сенката на злосторот“ од Хелена Хеншен
Помирена со самата себе и со судбината која можеше да биде и...
Повеќе
0 replies on “Осврт за „Лавр“ од Евгениј Водолазкин”