Кон „Виенски гамбит“ од Анде Јанков

Една шега од детството многу убаво ќе го опише односот на браќата Николови и нивниот заеднички престој во срцето на Австрија. Масло и вода. Секогаш дијаметрално спротивни Даниел и Виктор и покрај сѐ не можат еден без друг.

Како изгледа Вашиот идеален одмор во Виена? Седум дена забава, прошетки, екскурзии, посета на знаменитости, многу слатки, специфична храна и многу пиво. Е, да, претпоставувам дека и Виктор Николов така си го замислувал неговиот еднонеделен одмор во друштво на својот брат кој долго време не го видел.
Една шега од детството многу убаво ќе го опише односот на браќата Николови и нивниот заеднички престој во срцето на Австрија.
Масло и вода.
Секогаш дијаметрално спротивни Даниел и Виктор и покрај сѐ не можат еден без друг.
Во потрага по финансии за печатење на својот нов роман Даниел ќе се впушти во една малку поадреналинска авантура, по која еден телефонски повик ќе го запали „маслото“.
Една поинаква авантура на Виктор ќе му даде шанса од вода да се претвори во гас кој ќе го спаси брата си да не изгори.
Дали Даниел ја зборува вистината? Кој ја уби Весна? Дали една тетратка со кафеави корици ќе биде доволна за Виктор и Карен да пукнат со прстите и сѐ да се намести за шах-мат?
Анде мене ми раскажа. Со таков тон, со таква нарација, со такви украси и описи. Ме прошета. Низ улиците, парковите, кафулињата, хотелите, во австриското подземје, кај богатите и зад решетките. Ме вклучи, мене како читател, во истрагата. Ме натера да мислам, малку побрзо од вообичаено, без многу трчање, сѐ убаво скоцкано, вкусно, таман. Дозволете му и вие да ве проведе низ убавините и тајните на Виена.
Прекрасен роман кој ми остави убав впечаток.

Тагови од објавата
Напишано од
More from Моникa Палоска
Кон „Сигурен ризик“ од Анде Јанков
Патот до врвот може да биде многу скап. Некого го чини углед,...
Повеќе
0 replies on “Кон „Виенски гамбит“ од Анде Јанков”