Есенски хаикуика

Утро. Мамурлук... / Под туш! Па кафе јако! / Пладне. Мамурлук...

Есенски хаикуика

 

Тика-так, тика-так,
Дождомер-рекордер.
Вардар порасна.

Жапка скокалка
Во глава ми тропалка,
ТВ водителка.

Утро. Мамурлук…
Под туш! Па кафе јако!
Пладне. Мамурлук…

Пан во Лавиринт
Не запира пред ризик,
Но пред нимфа… ѕе!

End or fin,
Сладок шок за краток рок.
Gymnastique est шик!

Последен лист
под силен есенски дожд.
Кај да се скрие?

Тагови од објавата
More from Александар Прокопиев
ПИСМО
Мислам дека сите ние подеднакво го имаме чувството на несоодветство на времето...
Повеќе
0 replies on “Есенски хаикуика”