Рецензија за романот „Деца на злото“ од Миодраг Мајиќ

Никола Бобиќ е класичен антихерој, адвокат кој ги знае дупките во законот, знае каде може да пројде со штека цигари и шише виски за да добие нешто, знае каде не може. Неговиот приватен живот е далеку од совршен. Ама затоа кога неговата кожа ја спремаат за распнување, работите ќе ги истера до крај, па што сака нека биде!

„Деца на злото“ е книга првенче на Миодраг Мајиќ, судија во Апелациониот суд во Србија и неодамна ја имаше својата промоција во Македонија. Приказната започнува со свирепото убиство на политичарот Радослав Ковач, убиство кое многу наликува на дело на некоја секта. Самиот чин на убиството и истрагата околу него покренуваат лавина политички реакции и низа случувања. Уапсен е шефот на обезбедувањето на Ковач, млад дечко кај кој полицијата наоѓа патики испрскани со крв. Таткото на младичот го најмува најдобриот адвокат, а тоа е Никола Бобиќ. Бранејќи го својот клиент, Бобиќ буквално влетува во устата на волкот. Целата истрага околу убиството на политичарот е обвиткана со сомнителни докази, недоверливи сведоци, дупки во алибијата. Авторот на виделина изнесува еден куп работи од политиката, правосудството и администрацијата, работи кои се подбутнуваат под чергиче, работи за кои не се зборува, работи кои може да се дознаат со сто грама кафе и шише ракија. И тука се потврдува оној познат цитат на Орвел: „Сите животни се еднакви, само некои се поеднакви од другите“. И бидејќи секоја акција има и реакција, секоја лага води кон друга лага, секое зло води кон друго зло, ланчано, чекор по чекор, се раѓаат децата на злото.

Морам да признам, на почетокот, па дури и првата половина од книгата, приказната ми наликуваше на правен трилер. Јас лично не сум љубител на правни трилери, ама исто така не сум читател кој ја остава книгата на половина недочитана, па решив да ја завршам. И имаше што да читам! Ме остави без зборови! Таков пресврт навистина не очекував! Останав будна до 01.30 ноќта за да ја завршам. Едноставно, морав да ја завршам! Можам само да му честитам на авторот за храброста да зборува за тема за која многумина во Србија, реално, одбиваат да зборуваат, одбиваат да признаат дека таква работа воопшто се случила! Секоја чест!

Ова е трилер што најискрено го препорачувам. Никола Бобиќ е класичен антихерој, адвокат кој ги знае дупките во законот, знае каде може да пројде со штека цигари и шише виски за да добие нешто, знае каде не може. Неговиот приватен живот е далеку од совршен. Ама затоа кога неговата кожа ја спремаат за распнување, работите ќе ги истера до крај, па што сака нека биде! И се надевам дека во иднина ќе читам и други книги со него во главната улога.

Тагови од објавата
More from Марина Стевковска
Кон „Во лавовска кожа“ од Мајкл Ондачи
Преку раскажувањето на Патрик, авторот ја открива историјата на Канада, ветената земја...
Повеќе
0 replies on “Рецензија за романот „Деца на злото“ од Миодраг Мајиќ”