Сакам глуварење по Скопје

Хиперактивна сум, ги сакам прошетките низ Скопје, а уште повеќе оние во природа... Актерката Камка Тоциновски одговара на нашите десет прашања.
kamka tocinovski
(фото: Самир Љума)

 

1. Како си? Што има ново?

Во чекор со времето – општо!… што би рекол еден мој пријател од Битола. Во склад со временските погоди и непогоди, најчесто променливо… Нова е „Изгубени Германци“ на репертоарот на МНТ. Најновата претстава и долгоочекуваното враќање на Слободан Унковски.

2. Можеш накратко да ни опишеш еден свој обичен ден?

Не знам дали би можела. Не постои никаков стандард. Кога не се во прашање професионалните обврски, покрај кои едвај има простор и за одмор, тогаш сум на сите страни. Хиперактивна сум, ги сакам прошетките низ Скопје, а уште повеќе оние во природа. Скопје, на пример, ги има најубавите џукели… сакам да си погалам понекоја, па да ѝ купам некое саламче. Ги сакам концертите во МКЦ… летните дружби на клупи, зимската филмоманија. Сакам глуварење по Скопје… сè додека имам музика на уши.

3. Дали си задоволен/задоволна од својата работа?

Ако мислиш на мојата професија, сепак го работам тоа што го сакам. А ако мислиш на мојот личен труд… строга сум кон себе.

4. Кога и каде беше најсреќна?

Хм… тешко прашање. Моето прво бегство од градинка. Од другата страна на оградата, само мене ме собираше низ решетките.Тоа е таа детска радост… Некогаш најсреќна ме прави и некоја песна.

5. Му се восхитуваш ли на некој жив човек? Можеби само некој посебен.

На сите оние што го прават овој свет подобро место за живеење.

6. Можеш ли да наброиш пет нешта без кои не можеш да си го замислиш денешниот живот?

Музика. Понатаму нема што да размислувам.

7. Кој е твојот најголем страв?

Човечката самобендисаност, човечката глупост… и сè што човек може да ти смисли.

8. Кога би можела да бираш, која точно книга би ја одбрала да удри од глава?

Ако веќе удира по глава, нека удри „1000 зошто, 1000 затоа“. А и доволно е тешка.

9. Кој е твојот порок?

Ги победив сите. Сега-засега.

10. Нешто за крај?

„Мени се душо од тебе не растаје“ – Бранимир Штулиќ.

Напишано од
More from РЕПЕР
А dream within a Дрим
Подарување книги, договарање идни соработки. Еден вистински панаѓур на литературата.
Повеќе
Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *