Хармониката како средство за пронаоѓање себеси

Филмот во кој изобилуваат музичките способности на овој уметник во себе содржи кадри што во целост со музиката ја натера публиката во Куршумли ан да му подари неколкуминутен аплауз.

kimmo-pohjonen-in-soundbrea

„Зошто да заглавиш на еден… пат?“ (Кимо Похјонен, фински музичар и генијалец во свирење хармоника познат како Звукокршачот)

Како мал, тој се срамел од хармониката. Животот го поминал на село, па научил да ги „слуша“ звуците што секој елемент од тој мозаик го испуштал. Меѓутоа, неговата лична максима била да го пронајде сопствениот глас.

Во борба со хармониката, тој не само што научи да ја свири туку успеа и да ја контролира. Вградувајќи микрофони во неа, тој успева да го долови секој внатрешен звук што хармониката обично го крие од слухот на публиката.

„Не би требало да има стандард, најмалку кај хармониката“, вели тој во документарниот филм направен за него од режисерот Кимо Коскела. Звукокршачот стана познат и за македонската јавност со учеството на годинашниот „Оф фест“.

На секој негов настан може да се види приказна што е искажана преку звукокршачките мелодии, кои тој ги компонира додека е во допир со природата и со она што го опкружува. Мотивите за една добра композиција се околу него. Тие го инспирираат да создаде маестрално дело што ќе ја фасцинира публиката.

Меѓутоа, за него најважен е и гласот. За време на некоја проба за пеење, само поради тоа што неговиот учител му кажал дека не изговара добро некој збор, тој целосно се повлекол во себе, а со себе го повлекол и гласот за пеење. Сега тој наоѓа нови начини како да произведува звук со своите усни.

Филмот во кој изобилуваат музичките способности на овој уметник во себе содржи кадри што во целост со музиката ја натера публиката во Куршумли ан да му подари неколкуминутен аплауз откако беше прикажуван на четвртото издание на „Македокс“, македонскиот интернационален фестивал за документарни филмови.

Напишано од
More from РЕПЕР
Им се восхитувам на реализираните луѓе
Им се восхитувам на оние што немаат комплекси, што се задоволни од...
Повеќе
Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *