Наградата ми вели дека треба да одам подалеку


Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home/echqdumm/public_html/reper.net.mk/wp-content/themes/simplemag/formats/format-standard.php on line 28
Јас сум многу почестена, презадоволна и мислам дека имам доста среќа.

Иако немала директен лет до Македонија, Годар решила да го истражи и овој дел од Европа и да дојде на 34-то издание на Интернационалниот фестивал за филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола. Таа порано ги посетила Бугарија и Босна, малку работела во Грција, но никако да помине и во Македонија. Сега, вели таа, имала можност да открива нови работи во однос на јазикот, на надворешниот изглед, на природата, на архитектурата, на црквите со фреските. За неа откривањето на светот е пријатна работа. Годинава таа е добитникот на наградата што овој фестивал им ја доделува на исклучителните уметници од кинематографијата, која за првпат оди во рацете на жена.

11

Како започнавте со филмот? Што е она што Ве поврзува со кинематографијата?

Имав желба да дознаам дали можам да го правам тоа бидејќи е многу едноставно. Мојот татко, кој почина одамна, правеше многу фотографии од нашата фамилија. Кога почина, јас бев дел од школата за филм „Лудек“ и ги собрав сите фотографии што ги направил, а ги имаше навистина многу, повеќе од илјада. Тоа многу ме поттикна и ми појасни дека тоа било негов начин да се изрази, да нè гледа. По неговата смрт, тоа беше негов начин да ни ја покаже љубовта што ја имал кон нас. Мислам дека преку неговите фотографии бев поттикната да ги следам природата и светлината. На крајот, сакав да фотографирам.

Зошто го напуштивте новинарството?

Имаше момент кога се решив да го правам тоа, тоа беше во седумдесеттите. Мојата фамилија не се согласуваше целосно со таквиот избор. Тие мислеа дека тоа не е вистински занает, па се решив за ова бидејќи не можев повеќе да се борам против нив.

Соработувавте со голем број директори на фотографија и режисери. Како тие Ви помогнаа кога бевте на самиот почеток од својата нова професија како директор на фотографија?

Всушност, тие најмногу ми помогнаа кога ми предложија да работам со нив бидејќи бев асистентка на факултетот. Потоа, не ми помогнаа многу бидејќи во тоа време тие веќе беа во години, така што денес поголем дел од нив се починати. Но, откако ја видоа мојата прва работа, тие беа заинтересирани. Можам да кажам дека бев задоволна, но најмногу ми помогнаа со тоа што ми го покажаа патот, имаа доверба во мене и постојано ме охрабруваа.

12

Каков е животот на еден директор на фотографија? Дали е можеби динамичен или пак е нормален како и сите други?

Кога работите со филм, не е тоа нешто со што можете да водите лесен фамилијарен живот, но може да се постигне, јас постигнав. Не е секогаш премногу лесно, но е возможно. Не зборував многу со својата ќерка кога таа беше малечка, што во практиката ми покажа дека не е битно колку време ќе поминам со неа, туку каков е квалитетот на нашите разговори. Важно е да се одржува ваквата врска со која би имала енергија да продолжам со својот занает. Сега мојата ќерка работи со мене, таа е во мојот тим, па ќе видиме (се смее). Можеби сум ѝ пренела нешто.

Како се чувствувате во улогата на првата дама што станала лауреат на овој фестивал? Што значи за Вас наградата?

Јас сум многу почестена, презадоволна и мислам дека имам доста среќа. Наградата ми вели дека треба да продолжам, да се обидам да одам подалеку.

Која е Вашата техника на работење? Како се подготвувате пред да започнете со работа?

Тоа зависи од персоналитетот на сценографот. Тоа зависи од природата на сценариото, но вистината е дека има мала еволуција во мојата работа. Порано барав некои предзнаења во фотографијата, но сега правам голем број истражувања во теоријата. Честопати се договарам со сценографот за идејата на сликата, за само една слика. Малку е необично. Тоа е како моментално да истражувам повеќе теоретски за да можам да го најдам визуелното решение. Тоа е некој начин на копирање на некој модел, со тоа што освен што се копира моделот, се оди и подалеку. Моделите се луѓето на кои им се восхитуваме, прават работи за кои мислиме дека се совршени, тие го прават тоа толку добро. Затоа, мислам дека можат да послужат за да се научат нови работи, исто како да гледате дете како расте. Мислам дека киното раскажува приказни, снима ликови, бесконечно е, треба да се продолжи со негово истражување.

Емилија Петреска

0
Напишано од
More from РЕПЕР
Мисли без протокол
Избор од дваесетина афоризми, земени од книгата „Мисли без протокол“ која излезе...
Повеќе
Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *