Низ боите и низ формите на „МОМИ“

Постои една група на креативни девојки, професионалци во својата работа, а познати како колектив кој едноставно се нарече - МОМИ.

m39

Постои една група креативни девојки, професионалци во својата работа, а познати како колектив, кој едноставно се нарече – „МОМИ“.

Неодамна привлекоа големо внимание со својата заедничка или групна изложба со наслов „Множество, божество, рождество“, со која, освен што стекнаа огромна публика и интерес, предизвикаа и низа коментари и критики во нашава држава, а освен што своето дело, идеја и концепт ги презентираа овде, нивниот квалитет ги пушти и надвор од нашите граници.

Во оваа групација членуваат: Ана Ивановска, Марија Сотировска, Маја Кировска, Христина Зафировска, Зорица Зафировска, Кристина Хаџиева и Татјана Ристовска.

momi1

Нивната групна изложба претставува духовен калеидоскоп од повеќе стилски „слики“, форми и дисциплини, меѓу нивното творештво се наоѓаат дела изработени во различни техники, како: цртеж, сликарство, колаж, објект и ликовна инсталација.

Со своите дела веќе градат посебна, уникатна дефиниција за современото македонско женско „сликарство“ и за дејствувањето преку уметноста, воопшто. Полни индивидуален сензибилитет, но компактни, приспособливи, естетски високо изградени, со посебен стил, но со единство што плени во својата целина.

m27

Нивните изложби се проекти што создаваат концептуална содржина што во гледачот буди прониклив порив за колорит, за динамика, за скриена порака или за една несекојдневна страст, нетрадиционално перципирање на стилскиот израз што допрва ќе почне да ја (ре)дефинира македонската ликовна почва, и тоа во самата суштина. Иако користат различни медиуми за да ја изразат својата визија, како колектив наметнуваат уметнички пристап што ете колку е впечатлив во изразот и што е далеку над наметнатите стереотипи за уметност за она што треба да се гледа и да се презентира низ галериите во Македонија.

Навидум скромни и срамежливи, барем по својата желба нивните дела да бидат (се)присутни, односно изложени јавно пред очите на пошироката јавност, во своето портфолио, освен неколкуте индивидуални, но и групни изложби на „МОМИ“ како колектив, нивната работа, полека, но стабилно зачекорува и на ликовните платформи и галерии во Бугарија, Србија, Хрватска..

Следно, најавуваат изложба овој петок, 17 јануари 2014 година, во просториите на АКСЦ  во 19:00 часот.

Со изборот на нивните дела, во галеријата за овој број на „Репер“, ја поздравуваме нивната работа со желба да продолжат да ги рушат бариерите на досегашните модели на „традиционална“ уметност и да заземат (важно) место  како активни двигатели и креатори на нашата ликовна сцена.

 [nggallery id=37]

 

Напишано од
More from РЕПЕР
Тежината на зборовите
Илеана Сурдичан е млада романска уметница, авторка е на бројни илустрации, стрипови,...
Повеќе
Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *