Што прави едно осумгодишно девојче откако ќе најде пари на улица? Уште подобро прашање би било – а како ќе заврши нејзиниот ден? Прочитајте го стрипот за да дознаете.
Брилијантен стрип од британскиот цртач Дејвид Сквајерс во кој се опишани сите фази низ кои минува еден љубител на фудбалскиот спорт чијшто омилен тим остварува лоши резултати.
Извонреден стрип на бразилскиот цртач Рикардо Јошио Окама Токумото, кој твори под псевдонимот Ryot Iras. Во стрипот станува збор за наоѓање на изгубената половина и соединување со неа во една целина.
Браун е американски цртач кој соработувал со многу попознатиот Роберт Крамб. Во овој краток стрип брилијантно го прераскажува својот живот со неколку потези на цртачкото перо.
„Се родив без талент и без раце. Но со напорна работа ми пораснаа раце. Не ги биваше за ништо друго освен за цртање“, вели за себе овој американски уметник.