Магритовата визија за летачките риби во делото на Брус Науман

Ви го претставуваме концептуалното уметничко дело на Брус Науман.

Познатиот американски уметник Брус Науман во последно време стана актуелен со својата огромна скулптурална инсталација „Фонтана од сто риби“, која минатата година беше изложена во галеријата „Гегосиан“ (Gagosian) во авенијата „Медисон“ во Њујорк, иако и претходно беше изложувана, а со дел од неа во различни димензии и пуштена во продажба. Ова дело е составено од школски, шупливи, бронзени риби, кои се обесени во воздухот на жици, со што им се овозможува слободна левитација, односно движење што прави симулација како да пливаат во својата природна средина.

Подот е дизајниран да изгледа како слив или како затворен базен, кој е внимателно фабрикуван од гумена школка, а неговите димензии се 25 на 28 метри.

Некои од овие водени суштества, односно риби, се поставени ниско, на само еден или два метри над шупливата водена површина, додека другите висат високо над нив, некои дуи и на висина од десет метри. Кога се рибите полни со вода, тие ја испумпуваат различно во зависност од тоа каде им се направени, т.е. поставени дупчиња, а се полнат од систем на превиткани цевки, кои речиси невидливо го овозможуваат целиот процес на живост на оваа инсталација. Откако рибата се полни со вода, тие ја пуштаат водата од различни перфорации поставени низ нивното тело плански или неплански.

maxresdefault

Оваа фонтана, додека тече, произведува ефект сличен на природен водопад. Овој процес на живот на инсталацијата трае, поточно тече околу петнаесет минути, потоа се исклучува во период од триесет минути, за повторно циклусот да започне да се повторува. Кога пумпањето доаѓа до застој, водата полека се забавува и почнува како систем „капка по капка“, сè додека не престанат да истекуваат сите риби заедно. Водата што истекува се собира во специјално направениот базен што се наоѓа под инсталацијата, но е автентичен елемент што ја надополнува, затоа што така водата се собира, всушност дисперзира за експозицијата да може да започне повторно.

bruce-nauman-one-hundred-fish-fountain-1367173090_b

Оваа скулптурна инсталација на Науман е едно од најголемите уметнички дела што некогаш ги создал овој уметник. Инаку, станува збор за целосно функционална фонтана составена од 97 бронзени риби, кои бучно ја исфрлаат вода од своите усти и од други делови од телото, а со тоа создаваат амбиент како да се наоѓате покрај некој поток, извор или река.

Спектаклот наликува на нешто измислено од Магрит, негова е визијата за риби што пливаат во воздухот за време на поројни дождови произведени од страна на самите риби. Ова дело е уникатно, можеби целосно артифициелно (вештачко), но нуди посебно доживување, препознатливо можеби само во стилот, во техниката и во концептот со кој се претставува авторот Брус Науман. Оваа механичка природа на делото создава тензија помеѓу вонземската фантазија и емпириската стварност.

Брус Науман е роден во 1941 година во Форт Вејн, Индијана. Студирал математика, физика и студиско искуство на Универзитетот во Висконсин, Медисон, а потоа ги продолжил мастер-студиите на Универзитетот во Калифорнија. Дел од неговите самостојни изложби ги вклучуваат: „Брус Науман: Мапирање на Студио I“, „Брус Науман: Мапирање на Студио II“, „Брус Науман: Театар на искуството“, „Брус Науман: Направете да мислам за себе“, „Розата нема заби“.

Неговите дела се вклучени во биеналето „Витни“ (1977, 1985, 1987, 1991 и 1997 година) и на Венециското биенале (1978, 1980, 1999, 2005 и 2007). Секако, дел од неговите дела се наоѓаат во приватни колекции, како и во сопственост на многу светски познати галерии.

Напишано од
More from РЕПЕР
Сакам глуварење по Скопје
Хиперактивна сум, ги сакам прошетките низ Скопје, а уште повеќе оние во...
Повеќе
Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *