Не постои крај

Познатиот актер и драматург на нашите опуштени прашања ни одговара со уште поопуштени одговори.
saso
(фото:globusmagazin.mk)

1. Како си? Што има ново?

Патиките ме стегаат. Тие ми се нови. И сега морам да ги разгазам. Исто како кога ќе фатиш нова девојка. Прво мора малку да ја прошеташ, па после ја носиш у кревет, за да не жуља.

2. Можеш накратко да ни опишеш еден свој обичен ден?

Обично немам обични денови.

3. Дали си задоволен/задоволна од својата работа?

Го ширам бизнисот, да не кажам – фамилијата. Таму се покажав ептен ефикасен. Зачнувам и машки и женски деца. Не сум некој голем резервоар на сперматозоиди, ама затоа и оние малку што ги имам изгледа добро пливаат и уште подобро се ориентираат. Нема ќорци.

4. Му се восхитуваш ли на некој жив човек? Можеби само некој посебен.

На моите три деца и на жена ми.

5. Како ти оди во љубовта?

У љубовта не ми оди, туку ми стои… гордо.

6. Можеш ли да наброиш пет нешта без кои не можеш да си го замислиш денешниот живот?

Никако не можам да го замислам денешниот живот без минатото.

7. Би променил/а ли нешто кај себе?

Гаќите.

8. Кога би можел да бираш, која точно книга би ја одбрал да удри од глава?

Моите последни две книги, „Аеродромци“ и „Принцезата на малиот принц“, удираат во глава и две педи под папокот. Секако, со романот „Пеперутка“ се убедливо најпродавани книги во книжарата „Култура“ кај Ристиќевата палата.

9. Кога би можел/а да отпатуваш, која дестинација би била тоа?

Зошто кога би можел? Мене ми се може у секое време. Само јас сум ексцентричен милионер и седам дома, зашто сум шетал и секаде ви е исто срање. Башка нашето срање е домашно и најмногу смрди, ама навикнавме.

10. Нешто за крај?

Каков крај? Не постои крај. (Ова е автоцитат од една моја драма.)

Напишано од
More from РЕПЕР
Ciao, Amore, come va?
Едно од најубавите работи во животот е да признаеш колку љубиш.
Повеќе
Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *