Доколку сте екологист или активист кој се бори за зачувување на животната средина преку енергетската ефикасност, тогаш овој блог е вистинското место каде што ќе најдете корисни информации. Уредуван е од страна на дипломиран економист и електро-инженер, а исто така стручна помош добива и од магистри по финансии и финансиско право, по европски студии и од страна на истражувач на енергетската ефикасност.
Блогот изобилува со корисни совети за заштеда на енергијата. Како што знаеме, енергијата која ја користиме дома (електрична, топлинска итн.) е скапа за добивање, а нејзиното производство бара и користење на обновливи и необновливи суровини чијашто употреба остава трајни последици врз екосистемот на нашата планета, но посебно врз локалниот екосистем во земјава.
Блогот е поделен на шест рубрики: Вести (каде што се објавуват вести од земјава и од светот за најновите случувања од областа на енергетската ефикасност), Обновливи извори (каде што ќе најдете текстови за обновливите извори на енергија), Животна средина (текстови и занимливости поврзани со заштитата на животната средина, но и други информации поврзани со истата), Заштеда на енергија (совети, предлози, написи и статии за тоа како да ја заштедите енергијата во вашиот дом), Направи сам (каде што ќе најдете корисни совети и упатства за сами да произведете уреди за заштеда на енергијата), и Опрема (каде што се претставуваат разни машини и уреди кои се користат во производството на енергијата).
Да повториме – доколку сте личност која се бори за зачувување на животната средина преку енергетската ефикасност, тогаш овој блог е вистинскиот извор на информации за истото. На ова место се собрани сите корисни информации, вести, написи и совети кои можеби ќе ви го сменат мислењето во врска со изворите на енергија и нивното рационално користење, сè со цел и идните поколенија да можат да уживаат во благодетите на природата.
Посетете го блогот и запознајте се со бројните можности да се биде енергетски ефикасен на следниов линк еnergetskaefikasnost.info.