Им се восхитувам на реализираните луѓе

Им се восхитувам на оние што немаат комплекси, што се задоволни од себе, што ја немаат во себе злобата, суетата...

2

1. Како си? Што има ново?

Добро сум, работам сега на најновата претстава што се подготвува во мојот театар, а тоа е „Пипи долгиот чорап“.

2. Можеш накратко да ни опишеш еден свој обичен ден?

Зависи од ден до ден, но најчесто се тоа проби во театарот претпладне, а попладне работам на синхронизации или сум на претстава.

3. Дали си задоволен од својата работа?

Може да се каже да. Како и секоја работа, и оваа мојава има и добри и лоши страни, но најбитно е што самиот пред себе можам да си кажам и да си признаам дека ја сакам и дека не сум ја згрешил професијата… а тоа не е малку, мислам.

4. Му се восхитуваш ли на некој жив човек? Можеби само некој посебен?

Им се восхитувам на реализираните луѓе, на оние што немаат комплекси, што се задоволни од себе, што ја немаат во себе злобата, суетата… само, мораме да признаеме дека сè поретко има такви луѓе, за жал…

5. Како ти оди во љубовта?

Љубовта, барем за мене, е давање, а не само земање… опкружен сум со својата фамилија, на која доста ѝ земам, но, од друга страна, мислам дека и јас нешто давам.

predrag

6. Можеш ли да наброиш пет нешта без кои не можеш да си го замислиш денешниот живот?

Цигарите, кафето, добра фудбалска утакмица на телевизија, дружењето со моето старо друштво, мојата професија.

7. Би променил ли нешто кај себе?

Сега, во последно време, килажата. Мислам дека малку се поправив и тоа почнува да ме нервира.

8. Кога би можел да бираш, која точно книга би ја одбрал да удри од глава?

Ги има повеќе, но ме одушеви биографијата на режисерот Бергман, која одамна ја имам читано… навистина мошне интересно четиво.

9. Кога би можел да отпатуваш, која дестинација би била тоа?

Само таму каде што има море, море… и само море… и не многу луѓе… морето ме фасцинира во секој поглед…

10. Нешто за крај?

Поздрав… и само позитивно… колку и да е тешко тоа!

Напишано од
More from РЕПЕР
Трансформации, хумор и овации
Кон претставата „Солунски патрдии“, во режија на Коле Ангеловски, а во изведба...
Повеќе
Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *