Редизајнирање на едно од најпознатите македонски вина

За оние што не знаат, виното Т’га за југ, кое претставува едно до најпознатите македонски вина, е именувано според истоимената песна на Константин Миладинов.

Деновиве низ нашите медиуми беше објавена веста за новиот изглед на етикетите на виното Т’га за југ. Вест како вест, привлече одредено внимание, но по неколку дена исчезна од нашиот видокруг. Сепак, бевме заинтригирани да откриеме повеќе околу ова, посебно поради тоа што новиот дизајн на етикетите на Т’га за југ изгледа одлично и со себе носи одредени интересни решенија.

За оние што не знаат, виното Т’га за југ, кое претставува едно до најпознатите македонски вина, е именувано според истоимената песна на Константин Миладинов во 1973 година од страна на неколкумина македонски поети, бидејќи таа година ова вино било официјален пијалак на Струшките вечери на поезијата.

1

Задачата за менување и осовременување на изгледот на етикетата на Т’га за југ му беше доделена на дизајнерот Петар Павлов, кој работи за агенцијата McCann Belgrade. Целта беше да се редизајнира старата етикета во склад со новата стратегија која е развиена од страна на тимот на McCann Belgrade. Исто така, новиот концепт треба да биде доволно флексибилен за да ја претстави новата палета од вината Т’га за југ.

2

Новата етикета претставува еволуција на стариот дизајн.

Составена е од два контрасни елемента:

1. Црна мат површина на која е испишано името на брендот во централниот дел на нашиот гледачки фокус;

2. Дијагонално поставена фолија на која се испишани делови од песната Т’га за југ на Миладинов.

Контрастот помеѓу црната и црвената површина создава илузија како деловите од песната да се сместени зад црната етикета.

3

4

5

Стиховите се испечатени во офсет техника врз црвената фолија, со што се создава дополнителен ефект на допирливост (тактилен ефект).

Целата палета на вината Т’га за југ:

6

Бојата на фолијата одговара со типот на виното.

За да го видите и вториот предлог за дизајн на виното Т’га за југ, кликнете на линкот behance.net

Напишано од
More from РЕПЕР
НЕЗАДОВОЛСТВО СО СЕКОЈДНЕВИЕТО (Беседа на промоцијата на книгата)
Одејќи наваму вечерва по булеварот „Кочо Рацин“, погледот за миг ми застана...
Повеќе
Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *