Prim and proper girls. I love them

Моето прашање е кога обичноста, пристојното однесување и манири / prim and properness ќе бидат во мода?

Fashion-Art-Beauty-Photography-0

Она што многу често и отповеќе го оптоварува женскиот пол е прашањето за изгледот и појавноста. Двапати се погледнува во огледало, двапати се преиспитува што би и’ стоело, а што не, која чанта оди со овој аутфит, каква шминка или фризура би и’ одговарала. Индустријата за убавина, маркетингот и желбата за профит веќе подолго време го поставуваат овој дискурс, но проценката за тоа колку треба да си послушен и да следиш трендови, а сепак да изгледаш скоцкано, е лична.
Секоја сезона се менува модата на чевлите, здолништата, палтата, додатоците… Навидум. Се менува само дебелината или висината на штиклата, должината на здолништето, кројот на палтото, со цел постојано да сакаме и купуваме нешто ново, а да не забележиме дека е сето тоа убаво завиткано со етикета ,,профит”. И да не заборавиме дека во најчест случај тоа парче облека е создадено со искористување на евтината работна сила на жената која работи во невозможни услови и со својата целодневна работа, заработува одвај за да преживее.
Товарот е секогаш ставен врз женското тело и изглед, во стилот, ‘Ja виде ли каква е? – Сто кила се сторила’ или ‘Се облекла како за на свадба’. Коментарите одат од висина, дебелина, ширина па се’ до бројот на чевли на нејзината фризерка. Во последно, се повеќе и момците внимаваат на тоа како игледаат, што носат и за која прилика. Но, за тоа потоа.
Дали повеќе се ценат лакираните, украсени нокти, нацртаните веѓи и кратки здолништа од природноста, моралот и невиноста на женското суштество? Колкумина би рекле дека благородното срце, исполнетост со дух и таа посебност што зрачи од жената се поскапоцени од сета облека или накит на неа? Колку од тие критериуми за изгледот всушност се наметнати однадвор, а колку од нас самите?
Во Бразил, на пример, се во мода пластичната хирургија и прехранбените производи со 0% масти, додека целулит на плажа значи скандал. Скандинавките не се срамат ако си имаат нешто отповеќе, туку напротив тренд е да биде разголено, кратко и да се покаже. Нешто слично е и со Американките. Облините, се разбира, се на цена, со значителна доза навежбаност во теретана или фитнес центар.
Моето прашање е кога обичноста, пристојното однесување и манири / prim and properness ќе бидат во мода?

Тагови од објавата
Напишано од
More from РЕПЕР
Автобусот
Пол Кирхнер (1952) е американски уметник и илустратор кој твори во разни...
Повеќе
Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *