Избор Поезија

New York City midtown Manhattan sunset skyline panorama view over Hudson River

ќе ве научам многу работи,

дури на турски неколку пцовки

 

ногата на џинот

е невидлива

пукнатината е расиплива

и мојата љубов за тебе е минлива.

и ја гледам светлината што се протега

низ неговите прсти

и моето тело се наежува и мршти

од осаменоста и сите негови врсти,

бара лек и сите гревови да му се-

е, гревовите не му се прости.

сам се чувствувам дома,

ве молам дојдете ми на гости

 

ќе ве научам многу работи,

дури на турски неколку пцовки

 

знам што зделки правите, знам за изнудата

 

баш е интересна

случката со влечугата.

баш е интересно

што сѐ уште го слушам возот

иако одамна е откачена пругата.

иако одамна те немам видено со сопругата.

зошто повеќе не се гледате,

да не се чувате од шугата?

 

или го напуштивте рудникот

којшто некогаш ви бил дом,

затоа што ја нема повеќе рудата?

 

знам што зделки правите,

знам за изнудата.

 

лигнит

 

денеска ми падна парето,

утре ќе ми падни самодовербата,

веќе одамна ја имам изгубено вербата.

но, сѐ уште се држам.

цврст сум како камен.

јас сум карпа лигнит

и во мене вечно ќе гори пламен

 

лигнит

Тагови од објавата
Напишано од
0 replies on “Избор Поезија”